Џон Леџенд досега настапувал со многу познати ѕвезди но ова му е прва песна направена заедно со вистински ѕвезди.
Се викаат R Scuti, HR 1217, KIC 1162150, и KIC 3749404. Секое тело во вселената има своја фреквенција која ако се анализира и преведе, може да биде претворена во звук. Комбинацијата на звуците на овие четири ѕвезди е искористена во песната Under the Stars, замислена како подарок на пиварата Стела Артоа за белгискиот град Левен.