Off Topic

Триесет и три правила, одбери барем некое

29. Не праќај гневна порака. Напиши ја, преспиј ја, избриши ја. 22. Исклучи ги сите нотификации освен оние на кои би реагирал и во три саат ноќе. 11. Научи се да кажеш „не знам“ без да се извинуваш. 8. Не се карај со некој кој ужива во карањето. 6. Имај еден пријател кој е 20 години постар од тебе и еден 20 години помлад од тебе.

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Je suis туристи

Француско семејство на тура низ сафари парк, а притоа наштелувани како да се во Дизниленд. Од муабетот во клипот разбравме само „Oh my god,“ „What the fuck,“ и „Jesus“, и ние отприлика сме на ист памет. П.С. тие што ќе ги видите се оригинал гепарди, ниту дресирани, ниту на апчиња за смирување.

Роботот на Бостон динамикс сега и трча

Се работи за Атлас, истиот робот што скокаше пред некое време, чиј контролен систем го координира движењето на рацете, торзото и нозете „за да постигне мобилна манипулација“ на целото тело. Терминатор лајкс дис.

Корисноста од создавање бескорисни работи

Симон Гирц е инженер и една од најфантастичните појави на Јутјуб, каде најчесто ги презентира своите никако употребливи роботизирани изуми од типот шлем за миење заби, кој не функционира, или аларм за будење со шамарање, кој технички функционира. Симон има цела филозофија зад потребата од бескорисност.

Колку малку ни треба да бидеме без памет

Човек сака да следи правила и инструкции. Особено ако му се јасно напишани. И ако помисли дека така ќе открие некоја вистина за себе. Вака изгледа тоа.

Малиот Емануеле и папата Франциско

Поглаварот на римокатоличката црква го теши малиот кој се расплака сакајќи да го праша дали неговиот татко е во рајот, а бил атеист. Одговорот на Франциско не е боговски, туку уште поголем - човечки е. И стварно, дали оние задрти верници мислат дека големиот Креатор би му замерал на некој кој не бил верник, ама па создал ваков син?

Не е направено нешто што Кинези нема да го преварат

Кинеска осигурителна компанија има понуда за пакет за здравствена заштита чија цена е директно врзана со твојот смартфон: ако смартфонот регистрира дека си направил 10.000 чекори на ден (околу 8 километри), добиваш попуст на осигурување. Тука некаде Кинезите се пуштаат во размислување и толку беше од непробојноста на понудата.

Еј Словени, уште сте живи?

Не само што се живи и здрави туку се и обединети. Обединети се на интернет кадешто се кара секој со секого. Кроки профили на овие ликови, исцртани од бескрајните расправи по форумите и социјалните мрежи.

Масовно по риба

Само еден ден во годината луѓето од народот Догон имаат право да ловат риба во светите води на езерото Антого. Вака масовна сцена немате видено од Господар на прстените. Како се залетаа, мислиш крст ќе фаќаат.

500 години под жените

Убава видео ретроспектива на главните женски ликови кои се појавиле во западната уметност во последните 500 години. Отприлика секој попознат женески портрет, од Да Винчи до Пикасо.

Аргументи против работата

Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги мразиме, за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот.

Хрватите и турбо-фолкот

Вистинските Хрвати ги излудува да им се допаѓа турбофолк, а не би смеел да им се допаѓа. И тогаш живеат во лага, наместо опуштено да уживаат во музиката, и себеси чесно да си признаат дека се Срби.

Јас сум поминал убаво, а?

Гарантираано ќе ја засакате раскажувачката ведрина на овој тетовчанец кој бил на циркус. И таму дознал дека освен во Тетово, убави женски има и во Италија. А циркусот го доживеал со другар. Од сите точки го издвојува коњот. А коњот ми стегаше. Браво царе.

Онлајн играчка како од времето кога интернетот беше нов

Генератор на ASCII текст, ти му внесуваш регулар латиница, тој ти враќа во некој од над 140-те стилови што си ги избрал. После само копи-пејст во што и да ти е мерак.

Бахрудин поживеа но недоволно долго за да го види синот

Приказната за оној дечко чии зборови ја отсликуваа бесмисленоста на војните во екс Југославија. Оној кој пред камерата на Јутел процени: „Тие демек сакаат да се отцепуваат, ние демек не им даваме“. За жал, приказната е во финална верзија. 

Тука имаат дури 7 ТВ програми, тоа веќе станува дрога за гледачите

Ако некаде во светот телевизијата со опсегот на програми, техничка опрема и финансиски можности стана сила во општеството, дрога за гледачите и општа преокупација на нацијата, тогаш тоа сигурно е САД. Но сепак се сомневам дека на кое било друго место критиката на телевизијата е толку остра и незадоволна, беспоштедна и - немоќна. Американецот (статистички просек) минува третина од денот пред телевизија.

Не ги убивајте добрите идеи

„Кога би било коцкасто и кога не би се тркалало...“ Отприлика во истите рамки и денес се движат сите обиди за воведување на нешто ново. Милион забелешки и уште толку мрчатори.

Математика за новите генерации

1. Малиот Мате има четири грама кокаин. Ако 1/8 му ја продаде на Олег за 5 евра, а 1/4 на Георг за 10 евра, тогаш колкава е уличната вредност на тоа што му останува?

Кемтреилс, алуминимум и такви работи

Ова е едно од оние видеа кои ти ги пуштаат на меил со порака: „Објавете ова сите да видат и конечно да отворат очи“. Го пуштаме пошто ни е супер таа замисла, веќе утре одиме по улица,  а оно сите околу нас, со отворени очи.

Прирачник за разбирање мажи и жени

Брачен пар се вози во автомобил и во еден момент жената го прашува мажот "Сакаш да застанеме на кафе?" "Не баш," одговора тој и продолжуваат по патот. Резултат? Жената, која всушност сакала да застане, станува нервозна бидејќи се чувствува дека нејзините желби не се земаат предвид. Мажот гледа дека таа му е лута и почнува да се фрустрира: “Па што ме прашува дали ЈАС сакам да застанам?”

Точка на топење на Гркот

Според Даглас Адамс, 42 е ултимативниот одговор на универзумот, смислата на животот и сè друго. Овде, 42 е секундата од видеото на која се открива смислата на гранитно - азбестниот национален идентитет на монолитната Грција. Грк си додека е фино и топло, ама кога ќе запече газот... Отворај вратата, еба си мајката!

20 работи што ги научив од техничка поддршка

Порано или подоцна ќе налеташ на лице кое ќе го напише зборот "спејс" или ќе заборави да го вклучи компјутерот во струја. Ако не си, почекај, ќе го сретнеш.

Децава стварно не знаат да гледаат на аналоген саат

Џими Кимел решава на улица да ја тестира веста од пред некој ден дека децата не знаат да гледаат на часовник со стрелки затоа што сè околу нив е со дигитални часовници, па не им ни дошло да се потрудат да ја совладаат логиката околу стрелките.

Такер Карлсон и Либералниот шерпас

Ни на Карлсон не му се верува колку лесно се шеба оваа персона. Си ја начека како маскота и сега за свашта ја вика, а рубриката ја потпишува како „Либералниот шерпас“. Лујката прифаќа па промовира онакви „out of space“ идеи заради кои на многумина нормални им збоктиса сиот тој блок и за инает гласааа за Доналд Дамб. Шерпасот бара на факултетите да има кабини за плачење, за да можат снегулките низ солзи да го излијат стресот од себе. 

Тивкиот инфаркт на Сајлент Боб

Исповед на Кевин Смит кај Колбер за тоа како доживеал срцев удар. Со најмашка реакција на свет: преживуваш масивен инфаркт, те носат во болница а таму те фаќа срам и едно незгодно што треба да се соблечеш пред непознати луѓе.