Бахрудин Калетовиќ бил десетар на ЈНА и еден од симболите на краткотрајниот судир во Словенија кој на почетокот на југословенското лудило, низ цела земја го пренесе телевизиски прилог на Јутел.
Во таа 1991 година Бахрудин бил на отслужување на редовниот воен рок во Карловац но бива пратен во Словенија. Во раните часови на 27 јуни 1991 година, неговиот полк на Против - воздушната одбрана преоѓа во Словенија кај местото Метлика но брзо бива нападната од словенечката територијална одбрана. Новинарот на Јутел, Ивица Пуљиќ, го интервјуира на самата борбена линија, додека овој демек држи положба залегнат во шума. Тој дво и полминутен прилог останува во колективното сеќавање на јужнословенските народи кои таа вечер гледаа Јутел.
Како десетар, Бахрудин бил задолжен за тројца млади војници кои штотуку облекле униформа. Сите тројца гинат за време на судирот. Тој и останатите преживеани биваат заробени од словенечките територијалци но подоцна во цивилна облека ги пуштаат дома.
Се враќа во родната Тузла за после само неколку дена одмор да добие повик да го дослужи воениот рок. Се јавува и бива праќан во Ѓаково каде бил член на војничкиот оркестар. Како таков, не бил на линија на фронтот, но кога се разгорува војната во Хрватска, повторно бива заробен со целиот свој одред.
Конечно се баталува од ЈНА на 29-ти ноември 1991 година, на Денот на републиката која веќе ја нема.
По почетокот на војната во Босна сам се пријавува во резервниот полициски состав, Бил везист на првата линија и според сопствените зборови, лично видел како изгледа пеколот.
Се жени во 1993 година и му се раѓа ќерката Есмералда и синот Дамир. После војната, со своја група свирел гитара по Загреб. Гине во сообраќајка несреќа во 1998 година, кога ја посетува Тузла за да го види својот новороден син.