Математика за новите генерации

1. Малиот Мате има четири грама кокаин. Ако 1/8 му ја продаде на Олег за 5 евра, а 1/4 на Георг за 10 евра, тогаш колкава е уличната вредност на тоа што му останува?

2. Николче добива 2.000 евра за украдениот БМВ, 1.000 евра за украдениот Голф 5 и уште 2.500 евра за Ауди А8. Ако украде уште еден БМВ и 2 Голф 5, колку Аудија треба да украде за да има вкупно 9.000 евра?

*****

3. Стефан доби 6 години за убиство за кое зема 10.000 евра. Ако жена му троши 100 евра месечно, колку пари ќе му останат, кога ќе излезе од ќумез?

Дополнително прашање: Уште колку време ќе треба да лежи ако ја убие гадурата што му ги трошела парите?

*****

4. Дејан му го украде Кавасакито на Томо. Додека Дејан бега со брзина од 100 километри на час, Томо вади пиштол. Ако му требаат 7 секунди за да го извади пиштолот, да го репетира и испали, колку далеку ќе стигне Дејан пред овој да го скине?

*****

5. Ако вкупниот просек на оценки по хемија во едно одделение е 2.00 и ако Гоце ѝ врзе 3 шамари на професорката, за колку ќе се зголеми просекот на оценки на следниот час?

4 мај 2018 - 10:46