Аргументи против работата

Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, да работиме работи кои ги мразиме, за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот.

Осум часа
„Една од најтажните вистини е што единствена работа што човек може да ја прави осум часа дневно, ден за ден, е да работи. Не може да јадеш осум часа дневно, ниту да пиеш осум часа дневно, ниту да водиш љубов осум часа дневно - сè што можеш да правиш осум часа дневно е да работиш. Што е главната причина зошто човекот себе и другите ги прави мизерни и несреќни."- Вилијам Фокнер, интервју за Writers at Work, 1958

Презир

"Во основа мојата работа се содржи од прикривање на презирот кон претпоставените и барем еднаш дневно повлекување во тоалетот, за да мастурбирам додека фантазирам за живот кој приближно не наликува на Пекол."
- American Beauty, 1999

Амбиција

"Вистина е дека не бев многу амбициозен, но треба да постои место за луѓе без амбиција. Мислам, подобро место од она што е обично резервирано за нив. Како по ѓаволите, човек може да ужива да се разбуди во 6:30 наутро, да скокне од кревет, да се облече, со сила да јаде, оди во тоалет, си ги исчетка забите и косата и да се бори со сообраќајот за да стигне на место, на кое во основа треба да направи многу пари за некој друг и притоа да биде благодарен што добил можност да го направи тоа?"
- Чарлс Буковски, Фактотум, 1975

7. Срање

"Ме повикаа во тоалет на гробиштата за да средам нешто. Влегов во тоалетот и на средина, баш таму... некој не завршил работа во тоалетот, туку некој се посрал на тоалетот. На ѕидовите, на патосот... Морав да го исчистам, но пред тоа, околу 10 - 15 секунди, зјапав во тој измет. Да бидам искрен со тебе, тоа беше стварно, стварно длабок момент. Бидејќи си мислев, 'Јас сум на 30 години и за околу 10 секунди ќе почнам да чистам нечие срање!'"
- American Movie, 1999

Ментално нарушување

"Индустрискиот човек - свесен реципроцитетен мотор кој има променлив резултат, споен со железно тркало кое ротира со непроменлива брзина. И потоа се чудиме зошто ова е златното доба на револуцијата и менталното пореметување."
- Олдос Хаксли, Time Must Have a Stop, 1944

Робови

"Го гледам целиот овој потенцијал и гледам расипништво. По ѓаволите, луѓе, цела генерација  робови со бели крагни, кои пумпаат бензин и служат маси. Рекламите нè натераа да бркаме автомобили и облека, а да работиме работи кои ги мразиме за да купуваме срања кои не ни требаат. Ние сме средното дете на историјата. Без цел и без место. Ние немавме Голем војна, ниту Голема депресија. Нашата Голема војна, нашата Голема депресија е нашиот живот. Израснати сме со телевизија за да веруваме дека еден ден сите ние ќе бидеме милионери и филмски богови и рок ѕвезди. Ама, нема да бидеме. И полека го сфаќаме овој факт и сме, многу, многу накурчени!"
- Fight Club, 1999

Засолниште

"Работата е засолниште за оние луѓе кои немаат што подобро да прават."
- Оскар Вајлд

Муда

"За нас, да живееме на некој друг начин беше тотално лудо. За нас, сите оние добри луѓе кои ги работеа нивните посрани работи за евтини чекови и секој ден се качуваа на метро и се грижеа за сметките, беа мртви. Мислам, тие беа наивни. Немаа муда. Ако сакав нешто, јас само го земав. Ако некој два пати се пожалеше, толку силно ќе го удрев, што верувајте ми, никогаш повеќе не се жалеше."
- Goodfellas, 1990

 Ѓубриво

"Луѓето работат по грешка. Подобриот дел од човекот брзо е претопен во земјата како ѓубриво. Според очигледната судбина, општо позната како неопходност, тие работат на, како што тоа вели старата книга, создавање богатства кои ќе скапат или рѓосаат или ќе се расипат или крадците ќе влезат и ќе ги украдат. Тоа е животот на будалиот, како што тие ќе дознаат, но, пред самиот негов крај а не претходно."
- Хенри Торо, 1854

Коцка

"Немаме премногу време на Земјата. Не треба вака да го трошиме. Човековите суштества не се создадени за да седат во мали коцки и секој ден да зјапаат во мониторот од компјутерот, пополнувајќи непотребни формулари и слушајќи 8 различни шефови како тупат и тупат за мотото на компанијата."
- Office Space, 1999

8 мај 2018 - 15:47