Еј Словени, уште сте живи?

Не само што се живи и здрави туку се и обединети. Обединети се на интернет кадешто се кара секој со секого. Кроки профили на овие ликови, исцртани од бескрајните расправи по форумите и социјалните мрежи.

Бугаринот
Многу горд  на бугарското наследство. Поради чудните односи со Македонија и Србија, понекогаш сака да не е Словен ама па ќе погледне накај Турција и одеднаш пак ќе ги засака своите словенски корени. Па ќе погледне на своите словенски времиња а не сака да биде контролиран од Вујко Сем или Советската Русија па ќе се фокусира само на тоа да биде анти-Македонец бидејќи во овој момент, само тоа му прави да се чувствува убаво.

Македонецот

Многу горд - и тврдоглав, влегува во тепачка со Грција околу името Македонија. За да не изгуби на интернет кавгите, дига споменици на Александар, носи униформи од времето на Александар и бара право на македонското наследство. Ама во срцето знае дека е Словен само нејќе да им попушти на Грците по никоја цена. Ако треба, и на пластична хирургија ќе отиде и ќе побара да личи на Александар, само за да докаже дека тој е вистинскиот Македонец.

Србинот

Многу горд. Не знае кого најмногу да мрази: Хрватите, Босанците, Албанците, Американците, Бугарите, Турците или левичарските сонародници. Ги обвинува Хрватите, Босанците и Бугарите дека не се Словени ама истовремено тврди дека Хрватите, Босанците и Бугарите се Срби. Што значи дека или тие се Словени или дека тој не е Словен. Кога ќе се напие, цела планета се Срби, дури и Русите. Сонува да стане некаква Јужнословенска Русија ама не може да биде Русија бидејќи Русите, нели, се Срби.

Словенецот

Многу горд - и по малку огорчен бидејќи знае дека е подобар од Хрватот и Србинот ама тие некако секогаш успеваат да го засенат. Се чувствува супериорен во однос на нив и ги смета за сељачишта, сè додека повторно не завршат во иста држава каде што тие го фрлаат во сенка. Неговиот тревник е совршено искосен, неговата ограда е свежо обоена и комшилукот е мирен и пријатен. Кај него сè е подобро од кај јужните варвари ама тој сепак не успева да биде доминантниот тип. Длабоко во себе е добар дечко, дури и да е националист знае да упадне во југоносталгија, но таа ќе го потсети на оние двајца и повторно станува огорчен.

Хрватот

Многу горд. Ја сака својата земја и таа е единствената светост за него. Ја мрази Југославија и секое нејзино спомнување, пробува да избега од неговиот екс-ју идентитет на секој можен начин. А обожува сè што е хрватско. На пример, хрватскиот јазик кој е гранка од словенските јазици ама тој тоа го превидува па тврди дек нема ништо словенско во него. Ја сака и историјата ама само од 91-ва наваму, бидејќи ако копа поназад, ќе се види двапати во Југославија или ќе наиде на историски фигури како што е првиот пан-славист Јурај Крижаниќ. Ама не е Словен, затоа што Србинот тврди дека е Словен, а тој не може да се согласи со Србинот. Може да е Иранец, Гот, Романец, што и да е, само не она што го мисли Србинот за него.

Русинот

Неговиот живот е интересен микс од руски национализам и советски марксизам. На крај ќе му текне дека е нуклеарна сила па не мора да се секира за ништо друго. Се надева дека повторно ќе стане супер-сила како СССР ама во тој случај не сака да биде премногу Словен, за да може да ги покори и Словените и не-Словените, онака како што тоа го прават Американците денес.

Украинецот

Многу горд. А никогаш не беше горд што е Украинец додека не го изгуби Крим. Сега сака да се фокусира на тоа да стане дела од либералната ЕУ. Сака да носи германски униформи од Втората светска војна, комплетно ја мрази Русија и веќе не е ни сигурен дека е Словен бидејќи мора да се разликува од Русинот. А и тоа униформата убаво му стои.

Белорусот

Имаше тврдења дека на интернет можат да се најдат Белоруси но тоа испадна легенда. Досега се нема појавено никој.

Црногорецот

Спие или го мрзи да се расправа и тепа.

повеќе

******

Рамбо во Битола:

 

10 мај 2018 - 09:28