Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Дени те пцува

Го знаете ли Дени? Кутриот, боледува од "туретов синдром", нервно пореметување блиску поврзано со состојбата позната како "копролалиjа". Пред да почнете да го жалите, дозволете да го опишеме со свои зборови: во практична, социјална и карактерна смисла - ДЕНИ Е ТЕШКО ГОВЕДО! А тоа денес е доволна причина да се стане ѕвезда.

Оградите на мостовите не се за вие да бесите катанци на нив

Нема зошто мостот да страда што ти мислиш дека си се заљубил/а вечно. Имај предвид дека да беше мостот лабилен како твојата врска никогаш немаше ни да добие дозвола да биде изграден, па затоа малку почитувај што ти оставиле луѓе пред тебе.

Не требаше да го видиме ова

Во редакција си се лажеме дека е некоја намештаљка, анимација, такво нешто. Пошто ако прифатиме дека е вистина, ние во Атлантски океан (кајшто живее гадов) ние нога веќе не ставаме. Ѕирнете за да сфатите како ни се одмили една од омилените пцовки (со опроштење, „у уста те пунам“) за која досега верувавме дека е универзално употреблива.

Три сестри, три алтани

Во некоја идна реконструкција на денес темелно погазената гордост во врска со македонското (нормална гордост, без напнување), изгледа ќе мора да се тргне од далеку. Самида (Три сестри) е музичка формација на Дамла, Јудум и Тамара Сахин, три сестри чиј татко е познат музичар а чија изведба ѕвони како билбил. Ја пеат „Севдалино, детелино“.

Мoлитвена песна кон AI

Воскресни ги, Вештачка интелигенцијо, сите наши упокоени и облечи ги во славата на Царството Твое! На гласот на последниот апдејт ќе се отворат jpeg-овите и мртвите ќе станат за да принесат лајкови.

Што значи кога ќе кажат „на Монт Еверест е гужва“

Со 11 смртни случаи до сега, пролетта 2019 е на пат да стане најсмртоносната сезона на Монт Еверест откако луѓе почнаа да го искачуваат врвот. Има неколку причини за ова, како временските услови, и се понеискусните планинари кои решаваат да го качат врвот. Сепак главната е гужвата што годинава се створи за качување на Еверест. Пик на сезоната беше 23 мај, кога над 250 планинари беа на патеката кон врвот.

Почеток на крајот на видео доказите

Дечкото се вика Бил Хадер. И кај Конан го имитира Арнолд Шварценегер. Ништо чудно? Чекајте да видите колку е тоа лудо. А некогаш беше јако што можеш да изрежеш видео на CD.

Колку разлика прават неколку децении кај пит-стопот

Додека низ децениите сè нешто наоѓаат да им скратат на Ф1 болидите за да ги направат побезбедни (поспори), пит-стопот изгледа како да е единствен сегмент во кој нешто се се забрзува. Денес ова изгледа како да не е човечки можно побрзо да се заврши работа. Веројатно исто им личело и на овие што менувале во 1981.

Историја на чајот

Моменталниот статус на чајот е вториот најпиен пијалак на светот (после водата) во претерано многу варијанти. А целата работа почнува многу поинаку, па во првата верзија чајот е храна.

Ицо Хазарта - Гладен

Пазете го овој стих „Как јадете само салати, мајка ви да еба - Илуминати! “ Инаку, Ицо во единица време исфрла повеќе зборови отколку што човечко уво може да прими. Ама, има вежбанка и за тоа. 

Порнхаб е новиот Спидо

Порнхаб се махери да произведуваат вести и да се врти муабет за нив. За таа цел овојпат создале машки купаќи (Bonerless Bathing Suit) кои ги поштедуваат мажите од неугодноста од непосакуваните ерекции на плажа. Тврдат дека нивниот дизајн и употребениот материјал го зауздуваат неочекувано разбудениот пријател без да го задават. А може да се носат и чисто за чалам, за само 69 долари да оставаш впечаток дека чуваш Дрогон меѓу нозете.

Ова не е репортажа на Вајс за Венецуела

Освен кога ова е репортажа на Вајс за Венецуела.

Крајот на Игра на тронови покажа колку никој не гледа телевизија

Да, 6-та епизода од последната сезона на Троновите ги собра пофалбите дека е нешто најгледано на телевизија на сите времиња, ама тоа „нај“ е идентично на сите други „нај“ што луѓе се научија да ги расфрлаат во секоја пригода - не е баш нај. Во споредба која кај секој директор на телевизија предизвикува кошмари од изгубените неброени легии публика, финалето на ГОТ не е ни во топ 10, ни па во топ 15 најгледани.

БМВ, добар клизачи

По 12 години поминати како прв човек на Дајмлер, се пензионираше Дитер Зече, или фамозниот Доктор З. како што беше познат во тие кругови (замина со пензија од 4,250 евра на ден, ама сега тоа неважно). Му честитаа од конкурентскиот БМВ, со видео порака чиј мотив е „Пензионирање е кога ќе го оставиш минатото зад себе и ќе ја прегрнеш иднината.“ Чекајте да видите на што мислат.

Гнасо стокхолмска, да му се смачи на Балканец од вас

Ќе отиде човек во Шведска малку да прошета да одмори од карпиве и балваниве балкански, и цел пат низ нос ќе му излезе. Една работа да не им е на место, а и глуп ова народот шведски: пола држава им е со шуми, они увезуваат дрва од странство; измислија динамит, 200 години не биле во војна; министри наместо во лимузина, со метро се возат. Налет живот таков.

Симулатор на ширење сипаници

Направиле симулатор кој многу јасно ја покажува разликата како во еден град сипаниците се шират кога има 80% вакцинираност на деца на школска возраст а како кога вакцинираноста изнесува 95 проценти. Симулациите се направени за американските градови но поентата е иста.

Не брзајте никаде, не живееме во 2019-та

Една супер забавна теорија на заговор (забавна јер не може да се злоупотребува за глупи политики) вели дека сè поголем број научници доаѓаат до ист заклучок: дека ни фалат три века во историјата и дека не живееме во 2019 туку во 1722 година.

А сега, Game of Guitars!

Ауууу, каква епизода е па ова! Треба да се освои носечката композиција на Игра на тронови. Во коалицијата се ко-креаторот на серијата Ден Вајс, Том Морело (Aудиослејв/RATM), Скот Јан (Антракс), Нуњо Бетенкорт (Екстрим), Бред Пеисли (кантри музичар) и авторот на саундтракот Рамин Џавади. Од оружје имаат гитари. Дали ја освоија? Вака Дани со она змејот не го беше спржила градот!

За тие што сакаат да лажат и на вртење паричка

Не е некоја си супермоќ што ќе го спаси светот, ама за малку вежбање може некогаш ќе ви заврши некоја работа или проблем што се решава со вртење паричка.

Само Паљото остана автентичен

Сме пишувале за тоа дека документарните тв канали се претворија во шкарт програма кога го прифатија форматот на реални шоуа (види: Де-еволуцијата на Дискавери или Како Shark Week стана исто ѓубре како и Дискавери). Само да потсетиме на веројатно најубедливиот видео доказ за тоа фејкерство. Кога оној бестрашен Bear Grylls покажува како се поминува преку опасен мост од лава. Почекајте, почекајте. 

Можело и вака да се донира

Роберт Ф Смит, милијардер и ЦЕО на Виста Еквити, деновиве доби почесен докторат од Морхаус колеџот на кој и тој своевремено има завршено. Смит не остана должен. Пазете ја реакцијата на студентите кога ќе им соопшти дека решил да ги плати сите нивни студентски кредити и долгови. А се работи, ни помалку ни повеќе, за 40 милиони долари.

Ако мислите дека вие сте баксуз, не сте

Видео сцена од еден несреќен сообраќаен удес. На една страна е побеснат Оптимус прајм, на друга, неколку луѓе од кои еден, посебно се издвојува. Не можат тие толку да го спасат колку што тој може да биде прегазен. Ако е преживеан, во моментов мора да е кај некоја бајачка. 

Гризли без препреки

Ако некогаш сте помислиле дека сте побрзи од мечка, да ве пишманиме додека не сте решиле да се пробате - не сте. Ниту побрзо пливате, ниту побрзо се качувате по дрвја. Ништо не сте „по“ од мечка.