Проучувајќи историски документи, експерти дошле до заклучок дека за периодот од 8-от до 11-от век, хронолошките настани се неконзистентни, неуверливи, непрецизни и штури. Или едноставно, измислени.
Тврдат дека пред очи ни се убедливи индиции дека во сметањето на времето е направена утка од 3 века. На пример, грандиозната реконструкција на Константинопол во тој период неочекувано била сопрена... за три века подоцна одеднаш да продолжи како ништо да не било. Истиот апсурд може да се воочи и околу изградбата на катедралата во Ахен, Германија. И уште дузина слични неконзистентности.
„Можеби попат се случила некаква грешка во интерпретацијата на документите а и фалсификување историски документи не е ретка појава. А можеби не се работи воопшто за случајна грешка,“ вели Никол Ертман од Универзитетот во Талин.
Според една теорија која ја објаснува извесен Хелберт Илиг во 1991 година, грешката од три века е плод на завера скована меѓу римскиот император Ото Трети, Папата Силвестер Втори и евентуално византискиот цар Константин Седми кои наназад го фабрификувале системот Ано домини за тие самите да се погодат на специјалната округла бројка од АД 1000. Според ова сценарио, цела Каролингиска династија, сосе прочуениот Шарлемањ, е комплетна измислица.