Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

Овој сите ќе не закопа

Во април Ролинг стоунс ја прекинаа турнејата затоа што му се слошило на Мик Џегер и мораше да му прават итна операција на срце. Сега сме средина на мај, Мик Џегер само што го објави ова видео. 75-годишниот Мик Џегер по операција на срце.

Филџан мерак

Нам ни изгледа како да се вика „кафе со облаче“, инаку е ексклузивно кинеска верзија на кафе (за сега) во која филџанот топло кафе се служи со топка шеќерен памук над неа. Кафето го топи „памукот“, сето тоа паѓа внатре, па е доволно благо за сите што го пијат „горко со пола лажичка шеќер“ (и веројатно подобро е на изглед отколку на вкус).

За еден жмигавец

Луис СиКеј (пред да почне инквизицијата) за скеч кажува: Јас кога сум во кола имам поинаков систем на вредности, тогаш сум најужасниот човек што можам да бидам. Овие двајца немаат скеч за кажување.

Од бивша до самурај

Тетовирањето има две важни правила: Прво, немој на себе да ја тетовираш девојка ти / дечко ти. Второ, ако не го послуша првото правило гледај да знаеш некој што добро црта самураи. Дечково на пример паднал на првото, ама има грб за второто.

Џорџ Р.Р. Мартин пред цел свет да му се плаши

Година 1998, Џорџ Р.Р. Мартин познат само по дома и ретко на кој друг, за време на некоја конвенција дава интервју за некоја нова книга што ја пишува со наслов „Судир на кралеви“, инаку втора книга од неговиот серијал „Песна за мразот и огнот“. Со нула подготвеност за зборење пред камера, и идентично искуство, Мартин меѓу другото планира дека за 5-6 години сите книги од серијалот ќе му бидат завршени. 21 година подоцна, уште не се.

Римејк на фискалната сметка каков што сите заслужуваме

Една исповед од нас: освен финансовиот, никој не разбира што пишува и како се чита фискална сметка (посебно на оние тесните), кое е прво, која количина си купил, колку е парче, која бројка на што се однесува, зошто толку си купил, како дојде за 3 работи излезе со количка... Изгледа не сме биле единствени кога дизајнери се зафатиле да го решат проблемот.

Зошто во „Рашче на Лос Анџелес“ има 96 милиони црни топки

Не е испарување, не е некоја масовна завера за труење на масовни популации, туку краткиот одговор, како во многу вакви случаи, за жал е - рак. Во тамошниот водовод со години мислат дека немаат никаков проблем со квалитетот на водата, се додека еден нивен корисник (фабрика за безалкохолни пијалоци) не им се јави за да ги извади од памет.

Рамбо, имај мирно море, добар ветар и јака батерија

Проектот за кој известивме во 2016-та во статијата „Рамбо собира пари за соларен брод“ е финиширан и пловилото на Рамбо конечно накваси дупе. 20-минутна „репортажа“ од таа светковина, со блех- музика, со гусли, со све.

Да си ги видите мртвите

Швајцарско-исландскиот уметник, Кристоф Бушел, доаѓа до потонат рибарски брод, го мкне до Венеција и го изложува на годишното биенале. Што баш тој брод? Ова е истиот рибарски брод кој во 2015-та потона заедно со 800 мигранти тргнати од Либија кон Европа.

За луѓе со дворови и желба нешто да направат

Целиот концепт се базира на правење компост (а.к.а. ѓубриво за земја) и е спакувано доволно хипстерски за да излгеда како да е нешто револуционерно ново. Вака на прва изгледа како голема пластична кутија со дупки ставена во земја, во која го фрлаш целиот растителен отпад што ти останува по дома. И на видео личи како да врши работа.

Кога Бентлито не ти е доволно руско

Ако си коцкар лесно е, ставаш тоа заровите на ретровизор или на ѕивани, и на сите им е јасно дека си коцкар. Кога си Русин, работата е инстантно покомплицирана, па бара шмишајбни, чекани, работилница, ама за тоа и резултатот е многу поуверлив.

На Зак не му е проблем тоа што паркирате на места за луѓе со хендикеп

Пораката на видеото е - не паркирај таму каде што не е пишано дека ти треба да паркираш. Пораката на целата кариера на Зак Анер, што по пат неколку пати ја споменува во видеото е - „Being stuck is just a perspective.“

Одзатнувачот

Меѓу милијардите часови видео материјал собрани на Јутјуб е и еден дечко (не се гледа на камера, ама во оваа професија секогаш е дечко, никако да дојде на ред некој да се побуни за еднаква родова застапеност во оваа индустрија) животно посветен на одзатнување шахти низ Америка. И како му оди? Со шахтите одлично, со Јутјуб исто не е лошо па видеата му собираат по стотици илајди прегледи.

Паста вс. Италијанки

Италијанки послужени со полуподготвена / замрзната паста. Најдоброто што можеа да го кажат за целото искуство: Можеби на Американци ќе им се допаѓа.

Потеклото на Први Мај, по Јаран

Малнар собира респектибилен панел интелектуалци и воведен збор му дава на Јаран, за тој да го објасни потеклото на Први Мај и да ни открие кој тоа бил најголем работник на сите времиња. Јебеш му матер ако Ноќна мора не се најбесценетата оаза на нормалност во овие шугави времиња.

Реплика на реплика

Она кога во дебатна емисија ќе фатат да се инаетат кој да го каже последниот збор на некоја тема? Е, тоа.

Се сретнале Православието и Форест Гамп

Се разбира, чест е на секој свештеник да ја каже радосната вест за исусовото воскресение ама кај овој, за да ја склопиш веста, треба по еден слог од секој истрчан круг да му фаќаш.

Не е важно дали е братче или сестриче

Најважно е кога ќе сфатиш дека наследството од родителите штотуку ти се преполовило.

Кантри од иднината

Мрежа компјутери со вештачка интелигенција хранеле со кантри хитови и онда, од сето она што го научила, машината извадила своја песна (отсвирена и отпеана од луѓе). Насловот на вештачко- интелигентниот кантри хит е ‘You Can’t Take My Door’ што е само мал увид во „генијалноста“ на целиот текст.

Човек со депресија објаснува како е да се живее со депресија

“На мајка ми ништо не и беше јасно. Таа беше како некој што е збунет зошто пингвините не можат да летаат - па нели имаат две крила како сите други птици, зошто само да не ги фрлиме од авион?“

Вратија се Шиме

Додуша овој Шиме е доста наклонет кон геноцид и веројатно локалците попрво би он да не се врати, ама кога веќе е дојден ред е да го пречекаат како што треба.

Како најновиот Авенџерс заработи 1,2 милијарди долари за еден викенд?

Стварно не знаеме како, ама видеово од почетокот на продажбата на влезници во кино во Бангладеш многу објаснува.

ЈСП дојава

Човек влегува во трамвај (во Моленбенк, Белгија) и на луѓето им кажува дека на следната станица ги чека инспекција која проверува кој се вози без карта. Има ли такви во цивилизирана Белгија?