Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

74 години од првото кревање советско знаме над Рајхстагот

Во 22:40 на 30-ти април 1945, 23-годишниот Рахимжан Кошкарбаев за прв пат во Втората светска војна го поставува советското знаме во круната на статуата на Германија на Рајхстагот, но бидејќи е премногу доцна и темно за фотографирање настанот не е овековечен. Веќе следното утро знамето е извадено од германските сили кои се уште даваат отпор. Фотографијата што сите ја знаеме е направена два дена подоцна, на 2 мај.

Школски автобус, за кучиња

Дури после ова децата нема да сакаат да ви одат пешки до школо.

Школски автобус, за кучиња

Дури после ова децата нема да сакаат да ви одат пешки до школо.

Ким во Русија

Ги памтите оние неговите бодигарди кои трчаат околу кола кога тој се вози? Ок, ама тој некогаш се вози и со воз. Душа мила, ризик јак, колко можеш, ќе пребришеш тоа рачките.

Овие да тргнат со ќотек ќе го освојат цел свет

Забезекнат, новинарот на Би-би-си објаснува: додека ние ги снимавме од блиску, формите што тие ги правеа можеа да бидат видени и од сателит. Ништо ЦГИ, ефекти, фори, чисто кинески масовна демонстрација на кунг-фу.

Марвел си гази

Графички приказ на заработката на филмските франшизи во период од 20 години. Актуелниот победник се појавува дури некаде на половина пат.

Не го оставајте сам

После изборите, ова некому ќе се види како многу корисна техника.

Сета твоја болка, сето твое разочарување

Од големите порази секогаш се учи нешто, а знаат добро да влијаат на карактер, ужасни се тоа секојдневните ситници што педантно ги шмирглаат твоите нерви.

Тандем на денот: камионети и трупци

Ваква пракса може да се развие само во земја со многу камионети и многу Американци, и многу е важно овие вториве да се упорни наспроти сите препреки што би ги поставил здравиот разум.

Рускиот „Исправи се, Делфина“

Како што нашата пливачка хероина немаше да успее без бодрењата на верниот Петко („Не можам, Петко, не можам“) така и овој руски маратонец немаше да стигне до целта да не беа советите и упатствата на неговата пожртвувана сопруга, која во ниеден момент не ја губи надежта во својот јунак.

Работи глобално, копај локално

Изгледа како некаков симулатор на кој се учи да се управува со багер. Само што е нешто посериозно: багерист од Германија вистински копа и работи на вистинска локација во Јужна Кореја. Ќе биде интересно кога нечија бавча во Вајоминг ќе биде уништена затоа што на багеристот од Лаос не му бил денот. Глобализација, јеби га.

Настанот што го направи Ајнштајн легенда

На 3-ти април 1921 неколку новинари одат да го пречекаат и интервјуираат непознатиот научник по име Алберт Ајнштајн. Кога доаѓаат на пристаништето каде што треба да пристигне бродот на Ајнштајн тие се пресретнати од толпа од илјадници луѓе кои извикуваат пофални слогани. Изненадени од популарноста, и шармирани од неговиот карактер, сторијата за пристигнувањето на Ајнштајн стига до насловните страници на големите весници. И сето ова по грешка.

Кога син ти е „инфлуенсер“, а тебе не ти е сеедно

Ако сакаш мерка за тоа колку не му е сеедно, само види што е спремен да ѝ направи на сопствената кола чисто заради сеир.

Магија со задни намери

Ваков трик со карти имаме видено. Ваква завршница на трик со карти немаме. Ауч!

За нивно добро?

Да не се пуши во автомобил кога во него има деца е едно од поновите, поглупите и пред сè понечовечните правила со кои живееме. Нели ви е жал?

Послушајте гејмери

Пред една деценија го играв Каунтер страјк. Секоја игра или победуваш или губиш; не добиваш бодови за искуство, или награди. Мислам дека треба да се запрашаме себе си зошто играме игра.

Судар на генерации: 2017 версус 1992

Многумина се спремни да докажуваат дека на денешните коли штедат на материјал па ги прават прелесни, со тенки шасии кои на оние четките на кар-вош звучат како лименка Кока- Кола. Пред комплетно да ве обземе носталгија по старите добри машини, да се судриме со вистината, во чело.  

Зошто мажите не врцкаат со кукови кога одат?

Не дека нема и такви мажи кои мешаат со колкови додека одат, и затоа, ова видео е најмногу за нив. Немојте бе дечки, ќе се повредите. Анатомски не сте градени за врцкање.

Блазе си му

Ако од видеото се гледа дека дечкото има проблем со пилата (нејќе да му запали) и ако тој проблем нема да го реши, зошто ние би ставиле ваков наслов?

Како да се ослободиш од пластична везица

Ние ја пробавме финтата и сфативме дека оваа најава побрзо и полесно ќе ја напишевме со одврзани раце.

Дечкото со Нео промили во крвта

Тек после новата тура пива што ли ќе може да направи. Ќе му влезе на Матриксот и ќе го имплодира.

Се вика Андреа, ставајте букмарк

Чат-пат некоја екипа од градов знае да освежи и да исфрли нешто што е нормално, модерно, пиц-пец во музичка и продукциска смисла. Уште ако се најде нов лик, ете ти радости. Андреа Коевска е од музичката орбита на Масевски и, ќе чуете, може да стане следниот вокален ѕвер на сцената. И плус спотот е цут.

Искрена порака од владите што го уапсија Асанж

Британската, австралиската, еквадорската и американската влада сакаат да ја пренесат својата благодарност за апсењето на Џулијан Асанж, и како тоа не помага никому освен лично ним.

Раката која одмора не се суши

Кинези направиле машина која се вика „Екстрактор за сперма“ која им помага на донатори на кои им е неугодно да мастурбираат по болници да го изнудат семенскиот материјал од себе. На установи продаваат по 10.000 машинчиња годишно, што не е ништо во споредба со бумот кој можат да го направат ако понудат домашна варијанта на Али Експрес.