Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

БТР да имаа вакво...

Ние сме контент типови па резултатот баш и не нè одушеви, но, техничките перфорфманси на оваа шклопоција се импозантни. Прстен од 24 камери (Кронос 1,4) кои можат да снимат 68 гигапиксели во секунда, 720p на 72.000 фрема во секунда.

Непотребно комплексна дилема на денот: колку дупки има цевката?

Попросто прашање веројатно и нема да чуете во скоро време, барем така изгледа додека не почнете да го гледате видеово.

Рекламирање во Тајланд

Само љубоморен човек нема да се согласи дека дечките што ја направиле рекламава се вистинските херои на глобалниот маркетинг.

Битно сакаше да помогне

По системот „важно е да се учествува“, мајсторот во тракторот стварно влезе со најдобри намери во работава, и тоа треба да му се памти.

Хјустон, имаме тава

Друштво се соочува со зезнат физички проблем. Како да се протне тава ако е поголема од вратата. Пошто се инат, на крај ќе сфатат дека нелепливото дно не секогаш е предност на еден сад за храна.

Трамп се прави на удрен за Викиликс

„Не знам ништо за Викиликс, не ме занимало, не е тоа моја работа,“ изјави американскиот претседател за апсењето на основачот на Викиликс во Лондон, по  потерница од САД. Истите тие зе кои не знае ништо, во текот на кампањата ги има спомнато преку 140 пати.

Формулата за успех на корејскиот поп

Кој ќе помислеше дека нешто такво какво што е К-попот може да стане глобален феномен. Еден хибриден жанр со блесави песнички, инфантилни мелодии и ретард стихови, сето тоа дречаво стилизирано и просто - неиздржливо. Ама машинеријата толку го има увежбано секој детал од таа приказна (до тоа која сенка за очи за кој пазар е најдобра), што овој музички злостор веќе е станат франшиза.

Какво финале!

Како што е ред, учителката им го спелува англискиот збор, буква по буква. Како што е ред, учителката на крај им го изговара целиот збор. Е, тоа да го дочекате.

Обемна и детална листа на алатки за дизјан (графички)

На страна изобилието, веројатно најважно е што листата е редовно одржувана, дополнувана и прочистувана ако има потреба. Има 35 категории со алатки за дизајн, скоро и да нема нешто што е прескокнато, и секоја од нив полна со пристоен број помагала објаснети со по неколку зборови. Заслужен букмарк.

Си биле двајца од Стоунси

Еден од нив, заради здравствени проблеми со срцето, мораше да отиде на хируршка интервенција (промена на клапна), поради што претстојната турнеја на Ролинг Стоунс е одложена.

Готварски лаги и измами

Да пробаш ова да го повториш нема да ти успее во 10 од 10 случаи, ама затоа што нема да пробаш да го направиш туку само ќе го гледаш, меракот е неизмерлив.

Секој штекер треба вака да изгледа

Нема причина зошто најголемиот дел од штекерите да изгледаат поразлично од ова, исто како што нема причина зошто на некој до сега не би му текнало вакво нешто и да направи богатство од ова.

Современа математика вс. пазарџиска математика

Веројатно новава има некои многу понапредни примени и не е фер да се руга, ама сепак, барем во видеово заслужува.

Најдобрата учителка на светот

Добитничката на глобалната награда за 2018 година се вика Андриа Зафираку и работи во еден проблематичен кварт на Лондон. Децата во тоа школо имаат 35 различни мајчини јазици и над 80% се со проблеми со англискиот. Па сепак, на Зафираку не ѝ се троши ентузијазмот да го подбутне секој ученик да извади максимум од она што го носи во себе.

Петто паркинг сетило

Од колку заебанции ќе бевме поштедени и колку милиони часови од нашите животи ќе беа заштедени ако се задржеше оваа досетка за петто тркало кое помага во (от)паркирање. И онда, ова го укинале ама затоа почнаа да ставаат - греење на седишта.

Брате Муареме, ко сонце си нè огреал

Ако знаете дека песната за Рамо се вика „Рамо, Рамо“, тогаш ви е разбирливо што оваа песна која Мухарем Сербезовски со полна душа ја пее за Скопје, се вика „Скопје, Скопје“. Пазете го вие тој текст, пазете ја вие таа љубов! На човек да му падне срам што заборавил да сака.

Како да не навредите некого?

Можеби мислите дека жиците се плус и минус ама она минусот може некого да го потсети на себе и да го фрли во депресија. А тоа не е убаво. Како да ја викате тогаш таа жица?

Авокадо принцип

Сет Годин сака да помогне со животна лекција базирана на авокадо.

Победа на еден лузер

Млад дечко од Л:А. со холивудски амбиции, досега немал ксмет па добива само улоги на тотално маргинален статист. Ама, наместо да падне во депресија, прави едно генијално скоцкано филмче со своите појавувања на екран. И цап - мадафака!

Колку малку ѝ треба на сува трева

Доволно е малку да се турира со моќни гуми на некој џип и ете ти пожар кој ќе ти го направи местото погодно за идна „урбанизација“. Само да не претераш ко слепецов, па да ти се укопа машината.  

Младост која не поминала во твитање

Супер шармантен настап на двајца старки кои покажуваат дека уште не ги заборавиле потезите научени во нивните аналогни но разиграни младешки денови.

Иде глечер

Туристи се шлаат на брегот на Исланд и зјапаат во глечери, кога еден од глечерите паѓа жртва на глобалното затоплување. Интересно, само за тој што снима.

Големиот Баба и светата граматика

Со смиреност која се очекува од еден духовен лидер од негов калибар, Баба Рајнееш (некои го знаат и како Ошо)  сталожено расплеткува граматички и јазични финеси околу еден од најинтересните зборови во англискиот јазик. Што ти значи да си факинг мудар човек!

Гледај Скопје јапонски таксисти и плачи

Три работи: прво, ова е такси паркингот на некојa поголема железничка или автобуска станица најверојатно во Токио; второ, не е вежба за парада; трето, сето ова се случува без наоколу на патролираат 18 полицајци како чувари на лавови.