Римејк на фискалната сметка каков што сите заслужуваме

Една исповед од нас: освен финансовиот, никој не разбира што пишува и како се чита фискална сметка (посебно на оние тесните), кое е прво, која количина си купил, колку е парче, која бројка на што се однесува, зошто толку си купил, како дојде за 3 работи излезе со количка... Изгледа не сме биле единствени кога дизајнери се зафатиле да го решат проблемот.

Сузи Лу е сениор инженерка за визуализација на податоци во Нетфликс, која во слободно време се занимава со цртање и боење, ама последниве неколку месеци се има зафатено да го оправи начинот на кој купуваме во реален живот.

Под ова таа подразбира менување и унапредување на фискалната сметка. И стварно ѝ успева:

виа

14 мај 2019 - 11:49