"Едрењето е прадедо на енергетската ефикасност. Јас со својот едреник за 10 години не сум потрошил гориво колку што еден сопсотвеник на глисер спичкува за саат време. А притоа поминувам во море, во пловење, повеќекратно време од него, што е, ваљда и цел кога имаш пловило.
Брзината ми е исклучително важна. Кога гледам некои пијани туристи како се валкаат на чартерот по ветар со стегнати едра, срце ми се стега баш како и тоа едро кое е во раце на незнајковци. Сакам кога едреднико оптимално го фаќа ветарот, кога прецизно ги сече брановите како што добар нож сече младо сирење додека едрата се подесени да не се губи ни милиметар на брзина"
Има Рамбо и други аргументи заради кои му се прави овој проект, и слики и распоред како би течеле активностите. Му требаат 20-30К, во моментов има нешто преку 11.000 и уште 24 дена.
Сето тоа на линкот овде.