Off Topic

Го знаете ли ефектот на Барбара Стрејсенд?

Во психологијата тоа се вика „психолошка реактанса“ - колку повеќе  притискаш нешто да се скрие, толку повеќе луѓето го бараат тоа. Како кога ќе ти кажат, „не гледај десно“ и одма ти допаѓа да погледнеш баш десно. Ако нешто сакате да тргнете од интернет, не ни помислувајте на тоа.

ТВ дуел какви веќе нема

Сакавме да пишеме да ја споредите луцидноста и досетливоста на гостите во оваа ТВ емисија од 1991 година со излижаниот шпил гости кои циркулираат на нашите телевизии, ама подобро немојте. Присутни се нашиот Циле и стариот Ѓилас но главните фајтери се новинарскиот булдожер Александар Тијаниќ и Иван Звонимир Чичак. Прво Тијаниќ доминира ама и Чичак ќе се соземе и ќе почне да враќа.  

Македонски колбас со ајвар

Јутјуб каналот 2 Guys & A Cooler (речиси 300.000 следачи) прават драгоцени туторијали за колбаси, салами, суво зреење месо и слични онтолошки теми. На ред им дошло да направат домашен македонски колбас (свинско и јагнешко) кој на крајот изгледа сочно и неодоливо. Имаат интересни финти иако некои детали не ни се најјасни, особено ајварот. 

Уште ретрограден Меркур ѝ фалеше на Босна

Босанската министерка за ОБРАЗОВАНИЕ им објасни на луѓето што е коренот на нивните проблеми: ретроградниот Меркур! Почнал на 30 октомври а Јасна Дураковиќ (знак: Близнаци) советува до 14 ноември, кога ќе се повлече, луѓето да ги одложат сите важни договори, преговори и потпишувања деловни договори за втората половина на ноември. Луѓе предлагаат дотогаш и таа да се повлече. 

Кој ја знае формулата, нека фрли со првата чиа

Мајкл Филип Џегер, познат како Мик Џегер, фронтмен на Ролинг Стонс. 83 години, во телото има истурено стотици килограми кокаин, хектолитри алкохол а во градите има стара тутунска фабрика. Годинава издадоа албум, трча дневно по 10-тина километри. Роберт Превост, познат како Папата Лав IX, фронтмен на Католичката црква. Има 71 година, најчест доручек му се житарици со млеко, во петок пости. Има рак на белите дробови.

Биди Кина

Во 1988 година, имаа само 147 км автопатишта. во 2025 година имаат речиси 200.000 километри. Очекуваниот животен век, од 61 година, се качува на околу 78 години. БДП од 180 долари оди на 13.900 долари. Во 1975 година, целата економија им вреди 164 милијарди долари. Само во 2024 година, инвестираат 45 пати повеќе од вредноста на таа некогашна економија.

И сега, што да облечам?

Ако сте женет, постои веројатност дека сте ја чуле како ви го поставува тоа епско прашање. Бидејќи нема што да облече, ништо ново не си купила сто години, сите пари за дома и за децата ѝ одат. Чисто за да не останете без одговор.

Џемс Бонд како Харви Вајнстин

Мала компилација од родово некоректни и за денешни услови фрапантни сцени од филмови со Џемс Бонд во кои тајниот агент, освен за убивање, очигледно има дозвола и за „нехумана објектизација на жената како таква“. Чудно е како овие филмови уште не се спалени, ама, никогаш не вели никогаш.

Утешувачка реклама

Белрој се ранци (и останата опрема) произведена од конец направен од рециклирани пластични шишиња. Процесот не оди така лесно како на рекламата (веројатно затоа се и толку скапи) ама па и не мора за сè да ја знаеме точната приказна.

Вреди ли вода од 100.000 долари?

2 Чеинз и Дипло сакаат вода како повеќето од нас: бесплатна и од чешма. Но, им се нуди искуство да ја пробаат најскапата флаширана вода на светот која се продава за 100.000 долари. Па, вреди ли? Нормално, не вреди.

Топ гиар го проба Порше Тајкан против Тесла Модел С

Откако Тесла отиде на Нурбургринг да го руши рекордот на комплетно електричното Порше, и доживеа дебакл, заминувајќи си без да сподели ниту една статистика, Топ гиар реши да ги проба двете коли на права писта. (Да, Поршето е два пати поскапо од Теслата, ама сега не броиме тоа.)

Ајде да зборуваме за природна храна

Прво, природно-природно не постои со векови. Второ, тоа што според вас е природно, генетски не модификувано, веројатно е такво само ако спроедбата ви важи за период од последниве 50-60 години. Во споредба со оригиналот сè e ГМО, за наше добро.

Баба на денот

Е не, ќе кмиши дома за да види дали некој од децата или внуците ќе се сети на неа, или пак дали овојпат ќе ја вклучат во утринска емисија за да каже нешто важно.

Алату екбер

Има луѓе на кои им треба прво да прочитаат упатство за да сфатат како функционира некој алат или гаџет. А има и такви кои немаат ниаква потреба од тоа. Дај му го алатот и го употребува без никаков проблем.

Гугл пушти фина нова фора

Пред некое време Гугл го отвори топ-левел домејнот .new, и наместо стандардно играње со имиња, реши да го направи корисен за општата интернет популација.

Сцената од Титаник во пустински услови

Двајца се, се сакаат и решени се докрај да останат заедно додека она што е под нив се клати и тоне. Во оваа верзија на Титаник, повеќе ви паѓа жал за ова второво.

Изгубените Рамбовци

Папуа Нова Гвинеја 2019-та, високо во планините на земјата племиња се уште водат племенски војни: „навечер ги прашуваме духовите дали треба да убиваме или не, кога духот ќе каже да, одиме на бојно поле“. (Во еден скорешен судир имаше 80 загинати.) Последниве една, две децении судирите ескалираат откако во нив се вмешува огненото оружје и Холивуд, преку шверцувани копии од Рамбо.

Кање за новиот албум

Мојот труд во наредниот период ќе биде да работам на тоа МПЦ да биде призната од страна на сите релеватни институции и синоди, РПЦ, СПЦ, БПЦ, преставништавата на Mercedes-Benz и Аudi.

Ник Кејв не паѓа на мали финти за големи вистини

На својот блог Ник Кејв им одговори на неколкумина фанови зошто пишува, кои се неговите политички склоности и што мисли за тн „woke“ култура, новото име за „воините за социјална правда“ (кои самите се прогласија за прогресивци и во тоа име станаа нови СС-овци). И за нив, и за крајните десничари, и за сите големи идеологии, вистини и прави патишта кои ни зрно не се сомневаат во себе, Кејв има да го каже ова.  

Алтернативна рокенрол историја: Кеба и Стоунси

Очевидци тврдат дека таква забава не е видена ни на легендарниот концерт на Кеба во Лозница.

А сега, руско видео

Ако постои курс по анатомија на руски видеа на интернет, ова видео го пуштаат на прв час како успешен пример за клип што ги опафтил сите елементи: лошо паркирани коли, тенк, сообраќајка...

Човек со обратно краток фитил

Се кладиме дека во оние илјадници и илјадници коли кои во моментов се се движат по Македонија, нема ниту еден ваков како него. Тоа све намуртено и накурчено, тоа све некаде брза.

Магијата на Хонг Конг

Кога не е оптоварен со масовни демонстрации, Хонг Кoнг е фасцинантен град. Изгледа како да е правен во постпродукциските лаборатории на Пиксар.

Да се разведри човек, малку ли е?

Ведра видео компилација од монтажи на банални човечки несреќи, вешто искористени за музички илустрации.

Изгледа само брокулата не е фејк

Група „активисти“ „смислиле“ „перформанс“ со кој ја подигнуваат свеста за тоа што човекот ѝ прави на природата. После вакви работи, човек со други очи гледа на приоритетите во проблемите на ова човештво.  

Зошто естаблишментот го мрази Џокер?

Како знаеме дека филмот е добар? Затоа што прави луѓе го мразат. Од медиуми како CNN кој оценува дека филмот е расистички и привлечен заради истиот гнев на белците кој го донел Трамп на власт, до филмската критика (во голем јаз со оценката на публиката што се случи и со шоуто на Шапел) која на Џокер му даде помала оценка од некои морализаторски кринџ феминистички срања.

А да терате вие без мене?

Како се чувствува просечен Македонец кога партиите ќе почнат да го викаат да излезе на избори за да им го даде својот глас.

Не мислеа они така

Двајца другари седнуваат  на механички бик. Тој што го управува бикот, решава да им отвори нови хоризонти во нивната блискост.

Дечко, може нарачка?

На настап на Тајлор, Д Криејтор, на некоја девојка во публиката ѝ е роденден па со своето друштво пробува да издејствува овој да ѝ ја испее Хепи брдеј. Така? Ок, нема проблем.