„Многумина мислат дека Jesus is King e албум ексклузивно посветен на мојата вера, на мојата љубов кон Бога. Но сепак, на крајот од денот, e политички албум.
Искрено, по бракот со Ким (ерменска православка) и прифаќање на православието како вера, сфатив колку неправда има во светот, особено кон нас православните христијани. Овој албум e посветен на единството, на верата, на љубовта, обработува и теми кои се особено важни. Сите мислат дека Closed on Sunday e песна за лесни жени, но всушност е за однос на остатокот од светот кон Македонската Православна Црква и одност на сите цркви на светот кон нив. Срби, Бугари, Католици...
Мојот труд во наредниот период ќе биде да работам на тоа МПЦ да биде призната од страна на сите релеватни институции и синоди, РПЦ, СПЦ, БПЦ, преставништавата на Mercedes-Benz и Аudi. Како Американец, бидејќи мојата земја секако нели е стратешки партнер на Македонија, и како земја направивме толку многу за нив, решив и јас да го направам мојот дел.
Македонци, ова е за вас!
Kanye West, православен христијанин, музичар, член на Мизар tribute бендот „The Negros and the White See“.
автор: Поствистина