Алтернативна рокенрол историја: Кеба и Стоунси

Очевидци тврдат дека таква забава не е видена ни на легендарниот концерт на Кеба во Лозница.

За време на сешн свирка на Мик Џегер и Кит Ричардс во еден англиски паб, се случи мал индицент кој се претвори во општа веселба.

Имено, додека ја свиреа песната „Paint in Black“, еден од гостите еуфорично скокна на бината, го зема вториот микрофон и ја запеа „У црно обојено...“ Од насловот можете да погодите за кого се работи.

Во пабот случајно се најде група наши гастарбајтери кои од сè срце го прифатија овој неочекуван пресврт на ситуацијата и запеаја на цел глас.

Кеба им се допаднал на Џегер и Ричардс па сите тројца свирката ја продолжиле до зори.

Очевидци тврдат дека таква забава не е видена ни на легендарниот концерт на Кеба во Лозница.

 

 

 

 

26 октомври 2019 - 17:47