Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Кога се раскитува елката?

Секоја година на седми јануари, во мојата куќа се раскитува елката. Бидејќи не сум верник, не ми беше многу гајле за тие обичаи. Ама денес малку размислував на таа тема. Зошто морам да ја раскитувам мојата елка на седми јануари? Зошто баш на седми јануари? Има да ја раскитувам кога јас сакам.

Овци на плоштад

Илјадници луѓе се собраа годинава на градскиот плоштад во Бирмингем, Англија за да ја испратат старата и дочекаат новата година со „спектакуларен огномет“ кој им бил најавуван од реклами креирани со вештачка интелигенција. Џабе полицијата ги убедевала дека никаков настан ни огномет не се најавени, овие си дошле „да одбројуваат“. Најјако е што истото ова им се случува втора година по ред.  

Не се секирајте, Германија е безбед....

Пред 10 години, над 1.000 жени низ Германија беа нападнати за време на новогодишните прослави. Само во Келн имало повеќе од 500 напади, 40 проценти биле сексуални, главно од мигранти. Деценија подоцна, германската стримерка @Kunshikitty со личен пример сакаше да покаже дека денес Келн е безбеден за жени, шетајќи во делови на градот полни со „мажишта“. Добро помина, само двапати ја зачукаа. 

Постојат херои ама лошо проаѓаат

Прописно облечен и блиндиран деминер од анти-терористичка единица претпазливо проверува сомнителен ранец на улица. На минувач му збоктисува бавниот ритуал па доаѓа сам до ранецот и фаќа да го отвора. Ништо, само алишта во него. Веднаш го срушија на земја. Метју Хјуз од Милвоки подоцна бил обвинет за нарушување на јавниот ред и попречување на службено лице. 

Мотивациона честитка на Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони баш знае да окуражи. Нас своите соработници во Палацо Киџи им заблагодари на соработката и им порача: „2025 година беше тешка за сите нас. Но, немојте да се секирате, следната 2026 ќе биде уште потешка. Затоа, убаво одморете за празниците.“
 

Ѕвездите на Стар Ворс

Mладиот свештеник Јозеф Мор кој го напиша текстот (1816) и органистот Франц Ксавер Грубер кој ја напиша музиката (две години подоцна) на веројатно најпознатата божиќна мелодија „Stille Nacht, heilige Nacht“, не ни сонувале дека меѓу стотиците нејзини препеви ќе се најде и изведба на Чубака. Да, Чубака. Соло. Не Хан Соло.

За фушерски и нашиве знаат

Ако ова е вистина, владите на Заев и Ковачевски добиваат озбилна конкуренција во неспособност. Нели објавија куп документи за Епстин. Нели луѓе се бунеа дека огромни делови од нив се зацрнети? Изгледа не го направиле тоа прописно, туку само удриле црна позадина на текстот (црно на црно). Што значи дека ако од пдф-и ги копираш зацрнетите делови, кога ќе ги пренесеш во друг документ, фино лепо читаш што „цензурирале“.

Загина човекот зад Call of Duty

Во сообраќајна несреќа на автопат во Л.А. загина креаторот на Call of Duty и Battlefield 6, Винс Зампела (55). Излета со Ферари од тунел, се слупа па се запали. Сопатник бил исфрлен од возилото при ударотт но подоцна им подлегнал на повредите. Зампела беше дизајнер и продуцент на видеоигри, еден од најлијателните луѓе во историјата на шутер- игрите.  

Како Викинзите се даунлодирале без да се испоразболат?

Конструкцијата на нивните бродови и личното ниво на хигиена ги спасувало од смртоносни заразни болештини кои десеткувале екипажи на далеку помодерни и поопремени бродови. А го освоиле Исланд, го колонизирале Гренланд и стигнале до Северна Америка пет века пред Колумбо. Енглези имале поплаки дека Викинзиве се бањаат секоја сабота. Како не се отруле од вода е лесно: пиеле пиво. 

Како пропадна интернетот?

Од кога интернетот всушност пропаѓа? Од пред неколку години, кога се случи плима на апокалиптични поиими, сите оние реијџбeитови, думскролови и бреинротови? Или пред една деценија, кога следејќи го Доналд Трамп почнавме да зборуваме за лажни вести? Или уште порано? Спојлер: интернетот пропаѓа откако знаеме за него.

Кога сите американски пари би се поделиле рамномерно

Илон Маск сам има 681 милијарда долари (па што, три пати ли ќе ќе руча?) а според американските федерални резерви, американските граѓани поседуваат вкупно 160,35 трилиони долари. По колку би добил секој човек ако сите тие пари подеднакво се распоредат? Секој по 471.465 долари а на двојка со две деца би им следувале 1,89 милиони. Не е лошо, ама, да ве потсетиме: парите се трошат, виното се пие... 

Машко се тестира во кафана

Жената потсетува на еден од најсигурните начини да проверите што мустра е некој што скоро сте го запознале. Одите во кафана за да видите дали знае да се однесува, да сипа пијачка, да остави бакшиш на музика и слично. Најголем аларм е ако се изживува на келнерите и оние кои го служат. Од таков се бега одма. Ако не ви го придржи капутчето, можеби е до вас. Ако е јули.   

Кисинџер: Што е шатл дипломатија?

Нобеловецот за мир (и злотвор) Хенри Кисинџер го има популаризирано терминот шатл - или посредничка - дипломатија, за време на Јом Кипурската војна во 1973 година. Тоа е метод во кој медијатор (обично високо рангиран дипломат) патува напред-назад помеѓу две или повеќе страни кои нејќат директно да преговараат па пренесува пораки и предлози. Анегдота (апокрифна) подобро го објаснува тоа.

Германија со севернокорејски шмек

Германското министерство за надворешни работи издало директива, во сите нивни амбасади во светот видливо да биде истакнат портрет со ликот на шефот на дипломатијата. За среќа, имаат новинари како Флоријан Варвег кој праша колку тоа кошта. За жал, политичарите сегде се исти па му кажаа дека не можат сега да му одговорат бидејќи „финансиската конструкција уште не е заокружена.“

Маж бара стрејт сопруг

Колку подолго ја слушате оваа идеја, толку подобро звучи, пишува во дел од видеото во кој човеков ја објаснува својата идеја за стрејт сопруг. Никој никому не се меша во сексуалниот живот, ги спојуваат приходите во едно домаќинство и живеат ко богови. Без мрчење, без драми, без ништо од она што се случува во брак со некој од другиот пол. По нашки, човекот си бара цимер. 

Постојат и разбрани судии

Жена се нашла на суд обвинета за убиство со умисла. Судијата ја прашува: „Ова е насилно и крваво убиство. Како се браните?“ Обвинетата: „Беше толку глупав што морав да го убијам.“ Судијата: „Не го сметам тоа за олеснителна околност.“ Обвинетата: „Почитуван судија, дозволете ми да ви кажам како беше“.

Шест републики, пет народи, четири јазици, три религии, две азбуки....

Може ли човек да има три жени дома а под тој кров да има мир? Југославија до 1948 и Информбирото беше во комунистичкиот камп. Потоа флертуваше со Запад за подоцна да го иницира глобалното движење на неврзаните. Репортажа на ITN од 1961 за тоа дали и како функционира таквата политичка полигамија која ја балансира Тито. 

Има ли пилот во твојот авион?

Пред неколку години, две мали едномоторни Цесни се дигнаа на 4.200 метри, авионите беа наместени во контролирано нуркање по што пилотите истовремено излегоа од своите летала за во воздух да ги сменат местата и да влезат во другиот авион. Еден од пилотите успеа, другиот не.

Во Загреб доаѓаат роботаксија

Хрватскиот иноватор, претприемач и сопственик на брендот Бугати, Мате Римац, најави дека на пролет стартува проектот Верне. Не Л.А., не Сан Франциско туку Загреб ќе биде првиот град во кој ќе биде пуштен тој целосно електричен и автономен такси-сервис. Преку апликација, муштеријата ќе може да си го подеси осветлувањето, климата, мирисот и други параметри, пред возилото да стигне. Ние би одбрале да мириса на плин, за да нè потсеќа на родниот крај.

Рамбо, може ли еден селфи?

Рамбо со новата песна уште еднаш е актуелен и во плексус го гаѓа духот на времето, поточно заморната и одвратна селфи култура на оние кои некаде ќе видат позната фаца. „Никој нејќе да ме слуша а секој би да се слика. Како да сум со струготини наполнет сокол во фоајето на селски хотел.“ Спотот почнува со концертна заклетва дека ако некој се види во неговиот спот, се откажува од авторските права.

„Корка“ од Кочани се враќаат од Брисел со награда од публиката

Младиот кочански рок бенд „Корка“ освои најмногу гласови од публиката на онлајн гласањето и го доби признанието People’s Choice Award на меѓународниот фестивал Imagine Experience во Белгија. Кои се Корка? Дојава од пријател (Кирил, Храна за возрасни): „Злато деца. Млади и скроз надежни, во лулката на безнадежноста, Кочани. Звучат одлично, како Соник Јут, рани ствари“.  

Ковердејл се пензионираше и од социјални медиуми

Кога во ноември, после 50 години во музиката (Deep Purple, White Snake), Дејвид Ковердејл реши да се пензионира од музиката, неговите фанови се надеваа дека ќе можат да го видат барем по социјални медиуми. Не, не, ако веќе се оди, се оди комплет. Добар потег на Ковердејл, освен ако не го начекаме како пензионерски се јавува по утрински емисии.  

Песната која Џеф Бриџис би ја слушал до крајот на животот

Ќа налета некоја песна случајно до тебе од некој спунт, ќе се заинтересираш за неа, за авторот, па ќе влезеш „во длабокото“. Некоја ќе ја откриеш на Шазам, некоја ќе ти ја набаци пријател, некоја алгоритам (меѓу две реклами за таи-чи). Така и ние со Бил Еванс, до кого стигнуваме преку Д Дуд, кој има издадено дури пет албуми и има работено со некои од најдобрите. Т- Боун Барнет, на пример.

#НаТочак #НаМагнети

Еден самоук инжинер и иноватор проверил блесава идеја и му функционира. Наместо класични амортизери за велосипед, поставил и напред и назад по два магнета со ист пол свртени еден кон друг. Пресметката е правена за неговата тежина и не се обични магнети туку неодимиумски. Нема абење материјали, само невидливата сила на магнетизмот.