„Живеевме во зграда. Над нас живееше семејство со две деца. Беше тажно, децата беа многу ниски. 12-годишниот син беше висок само 80 см, а постариот, 19 години, само 85 см. Еден ден, во муабет со маж ми, му реков дека ми е жал за нив.“
„Да“, рече тој... тие се Пиринеи.“
„Мислиш на Пигмејци?“
„Не, Пигмејци се она што ни е под кожа и предизвикуваат да станеме црни.“
„Тоа е пигмент.“
„Не… Пигмент било она на што пишувале античките Грци.“
„Побогу, човек, тоа бил пергамент.“
„Не, пергамент е кога некој чита или прикажува само еден дел од делото.“
- Веројатно претпоставувате дека повеќе немав волја да му објаснувам дека тоа е фрагмент. Седнав на кауч и фатив да читам весник. Набрзо дојде тој со книга в рака, легна до мене, ја отвори книгата и почна да чита дел од текстот:
„Душо, погледни: Сончевата тераса на чантата беше учителката на сводникот 15.“
- Ја зедов книгата, ја погледнав и му реков: „Душо, ова е книга на француски јазик и на неа пишува: „"La Marquise de Pompadour est la Maitresse de Luuis XV“, што значи дека маркизата де Помпадур била љубовница на Луј XV.
„Не“, рече тој - La Marquise е сончева тераса, Помпадур е чанта, la Maitresse е учителка, а Луј е 15-тиот сводник. Знам јас тоа, не џабе земав дополнителни часови по француски јазик кај мојот легионер.
„Мислиш лектор?“
„Не, лектор е грчки херој.“
„Тоа беше Хектор и тој беше Тројанец.“
„Не, хектор е мерка за површина.“
„Мерка за површина е хектар.“
„Не, хектар е божествен пијалок.“ „
„Човече, нектарот е божествен пијалок.“
„Не, тоа е река во Германија. Не ти имам кажано, како дете пеев дует за реката Нектар со другар.“
„Во дует, претпоставувам дека тоа го мислеше.“
„Не, дует е кога играат Барса и Реал.“
„Почитуван суде, тогаш го зедов сукалото и го замавав по глава. Конечно замолчи“.
Судијата:
„Обвинетата се ослободува... Јас ќе го замавав уште кај Хектор.“