Рамбо, може ли еден селфи?

Рамбо со новата песна уште еднаш е актуелен и во плексус го гаѓа духот на времето, поточно заморната и одвратна селфи култура на оние кои некаде ќе видат позната фаца. „Никој нејќе да ме слуша а секој би да се слика. Како да сум со струготини наполнет сокол во фоајето на селски хотел.“ Спотот почнува со концертна заклетва дека ако некој се види во неговиот спот, се откажува од авторските права.

„Селфи културата“ носи со себе многу импликации, не би замарал со тоа, освен фактот дека тој обичај вонсериски ме замара, деконцентрира и го разорува личното достоинство, ставајќи ме во многу лоша дилема, дали да попуштам и да се чувствувам како стока, или да одбијам па да имам лоша совест што сум „груб“. Песната е создадена токму во таа дилема. 

Овде зборувам за сосема приватни моменти, додека разговарам со пријатели во кафуле, ручам со жена ми во таверна, полнам гориво на бензинска пумпа, читам цени во супермаркет, се ценкам на пазар или едноставно си мислам за свои работи, а случајни минувачи ми приоѓаат, без никаква нелагода што ме прекинуваат, и бараат да направиме „селфи“.

„Уметничка реакција“ на фрустрацијата, би рекол.

Рамбо Амадеус

 

15 декември 2025 - 16:01