Off Topic

Во револуција меѓусебно се кинат глави

Во приватните медиуми толпата таму нема што да бара. Никаква правда „по кратка постапка“! Ако дозволите да завладее бран на јакобински бес – сетете се само на Француската револуција – на крајот ќе завршите така што ќе се свртите едни против други и меѓусебно ќе си кинете глави. 

Се моли вештачката интелигенција АПЛА да ни попушта

Некој со помош на вештачка интелигенција креирал слатко детенце со кринџ фалби за Македонија (сонцето грее, планините се убави...). Иако АПЛА се гледа дека ни дете постои ни бутур, наш народ почнува да му зборува, да го фали, советува.... Што правиме ние со вакви луѓе?? Утре некој ќе им направи ВИ видео од Исус и ќе ги убеди дека можат да одат по вода. Еден господ нека е на помош.

И државата има апликација

Гледам дека има доста недоумици, ама ко што сфаќам јас, еве за кои работи може, а за кои не може да се користи дигиталната лична карта/возачка дозвола преку m.Uslugi.

Денот на еден пилот

Видео дневник на еден пилот на патнички авион кој треба да однесе „роба“ до Швајцарија. Кај све не отиде, што све не успеа да направи. А ви се жалите дека со вашата работа не ви останува време за ништо. Ние може само да замислуваме што сè овој човек прави кога лета за Патаја.

Лесно е човек да ја засака Македонија и да ги разбере Македонците

Пар рефлексии на познатиот хрватски спортски новинар и поткастер Марко Петрак (5Rak) од посетата на Скопје. 1) Ако сакате да се најадете одлично и евтино, дојдете во Скопје, и ресторантската и фаст фуд храната им се најдобри. 2) Во Скопје сè е живо и работи. 3) За Македонците: Срчани се и најмногу ги мразат Бугарите и Грците. 

Има ли вистина после УСАИД?

Вистиномер повторно храбро се фатија во костец со уште едно од најгорливите прашања на нашето секојдневие: на кој јазик биле напишани Илијада и Одисеја. Не го нашле тие тоа на дебата во МАНУ, конференција на историчари или лингвисти или школски учебник. На Фејсбук (?!) нашле некоја си објава дека биле напишани на македонски па решиле да нè спасат од заблудата (која немаше ни да ја знаеме да не беа тие). 

Биопсијата може да е беља работа

Врвен истражувач на рак предупредува дека со биопсијата може да се прошират малигните клетки. Препорачува да не се рчка мечката туку прво да се изгладни со метаболичка терапија а потоа канцерот хируршки да се отстрани цел. „Ако го прободете рано, ќе биде агресивен. Ако прво го намалите, патологот ќе ви рече „ова дури и не е опасно“. Ист тумор, сосема друга приказна“, вели доктор Томас Сеифрид од МИТ.

Да си го проверите каменот што ви ја притиска зелката

Жена од Романија земала 3,5 кила камен од речно корито, го донела дома и го користела за потпирање на вратата. Откако починала, оние кои ја наследиле куќата се посомневале дека она што ја држи вратата е обилчен камен. Го однеле на експертиза и се утврдило дека се работи за руменит, особено вреден тип на килибар. Вредност на потпирачот на вратата? Еден милион евра. 

Тајната што го чува најстарото дрво во Америка

Некаде во американските планини постои дрво од пет милениуми. Постаро од пирамидите, од бронзеното доба, од Стоунхенџ, од Ристо Никовски... Но, неговата локација заминува во гроб со оној што го пронашол, дендролог кој извлекол поука од претходните случаи на пра-стари дрвја, некои оштетени од туристички желби да откинат сувенир, некои скроз пресечени од истражувачка љубопитност.    

Малку поинаков алко-тест

Не сме го виделе ова по нашите улици и патиштата, а ич не е лошо. Плус државата може да заштеди на оние силни дрегери кои ги троши за да провери дали и колку промили алкохол има некој возач во крвта. Плус и далеку позабавен е ритуалот. Е сега, ако не знаеш да врцкаш, тоа е веќе друг проблем.  

Го знаете ли овој парфем?

Вино, пури, парфеми, часовници се некои од оние работи за кои луѓе сакаат да остават впечаток дека се длабоко упатени во темата и да ги фасцинираат соговорниците со својот истенчен и префинет вкус. А оние кои запнуваат во нешто, најлесно е да ги издриблаш.   

Паркот на Галицки

Паркот е подарок за градот Краснодар од милијардерот Сергеј Галицки (според Форбс човекот тежи 3,2 милијарди долари), газда на трговскиот ланец Магнит и на ФК Краснодар. На цели 23 хектари, во близина на градскиот стадион, многу поразличен од класичните советскии паркови. Дизајниран е од германско биро и е „must‑see“ дестинација за љубители на архитектура, урбанизам и фотографија.

Бубачките исчезнуваат

Во Германија имаат резервати за инсекти: 75% од летечките инсекти им исчезнале во последните 30 години. Во САД, масата бубалки се намалила за 83% за 45 години. Во Британија опаѓа популацијата на 23 видови пчели. Исчезнува и дрвото Џошуа (од омотот на U2) чиј опстанок е тесно поврзан со еден молец. Па како ние опстануваме на оваа планета? Можда затоа што ние сме бубашвабите.

Џез нирвана

Познатиот џез тапанар Уликс Овен јуниор ја носи својата џез дружина Generation Y за да слушант песна која никогаш ја немаат чуено а потоа да ја отсвират по свое, онака како би одговарала на форматот кој нив им лежи. Која песна? Објавена е во 1991 година на Nevermind, првиот албум на вокално-инструменталниот состав Нирвана. Се вика In Bloom. 

(Анти)божиќна плејлиста на Дејвид Брн

Лидерот на Токинг Хедс понуди фина подлога за божиќно расположение за „луѓе кои мразат божиќна музика“. Дејвид Бурн порачува: „Оваа листа не е за зимскиот солстициј, ниту пак содржи некаква паганска агенда, тоа се бучни, забавни песни кои нежно ги прцаат празниците. Уживајте!“ Run DMC, Принц, Вили Нелсон, Мејси Греј.... Сешто има. Започнува со „Божиќ доаѓа“ (Ya Llega La Navidad), завршува со својата „Дебелиот доаѓа.“ 

Јапонските хај-тек Топаловиќ

Пишувавме дека Јапонија одбива проширување на муслиманските гробишта, што заради просторни, што заради културолошки причини: живеењето (и умирањето) во една земја значи да ја прифатиш нејзината традиција и култура. Значи, не погреб туку кремирање. Ама, не е само да го спалиш човек и на ужалените да им ја дадеш пепелта во канче кисело млеко.  

Правдата некогаш и буквално е слепа

Моментот кога холандска судијка му изрекува казна на еден возач од Полска кој во 2013 година со автомобил убил двегодишно девојче и нејзините баба и дедо. Биле на велосипедска патека. Казната? Цели 120 часа општествено корисна работа. Мртва- ладна ја изрече пресудата. Подоцна на апелација му одредиле 15 месеци затвор. Пак малку, ама 120 часа метење да е казна за три животи?  

Премиерката што изгуби од марула, ќе ја победува длабоката држава

Кога Лиз Трас стана британска премиерка, еден таблоид започна онлајн пренос на марула, со прашање - кој повеќе ќе издржи? Марулата победи. Трас стана најкраткорајниот премир на Обединетото кралство, крпејќи едвај 49 дена. Сега медиумски се враќа,  со најава за контрареволуција, размонтирање на дип стејт и обелоденување што на Запад се случува зад завесите.    

Најлошата работа која може да му се случи на млад човек

Втората најлоша е работење од дома. Таа тивко преобликува цело едно поколение, и тоа не е добро. Канцеларијата не е само работно место, туку цел еко-систем за професионален развој, социјални вештини, градење на мрежи и вистински човечки врски. „Една од три врски започнува на работното место“, потсетува Скот Галовеј. Но, тоа е само втората најлоша. Да ја чуете првата. 

Четирите стандарди на кинеската убавина

Кутри млади девојки од Кина, вирално се заразија со тестирање дали ги задоволуваат критериумите за убавина. Ич не почнувајте. Првиот критериум е струкот да е потесен од хартија со А4 формат (не се важи лендскејп). Второ е да може да се фати пупакот со рака од позади. Ама тек третиот критериум е луд: клучната коска да прави кадиче во кое може да плива мала рипка (?). А има уште еден.   

Џабе брзање

Колку брзина ни донесе сеопштиот напредок и иновации последниве 100 години? Спортот и животните услови се имаат сменето до непрепознатливост: патиките со кои се трчало пред еден век и сега се два света, подлогата е неспоредлива, тренингот кој денеска го одредува врвна наука, исхраната, опоравувањето на телото. И кој е резултатот од сето тоа? Ни цела секунда.  

Приказна од такси

Кога неочекувано ќе налеташ на стара љубов од младите години. Кога нема да ѝ се јавиш. Или ќе ѝ се јавиш. Кога случката ќе те натера да размислиш дали во животот го направи тоа што сакаше да го направиш. Обична приказна од едно белградско такси на познатиот музички новинар Пеца Поповиќ. И малку музика.

Човек навикнува на ѓубрето

Кога сами или со помош на некој добронамерен странец ќе ни текне колку се валкани нашите улици, тротоари, градови и реки, во налет на наивноста може да поверуваме дека еден скорешен ден, сето тоа ќе ни скурчи, одеднаш ќе се оправиме, прописно ќе зачистиме и потоа ќе држиме да остане така. Наивните и во Бангладеш некогаш верувале слично.  

Вратете ја југословенската кошаркарска екипа

Замислете ги заедно Лука Дончиќ, Никола Јокиќ, Бојан Богдановиќ, Богдан Богдановиќ, Василије Мициќ, Горан Драгиќ, Јусуф Нуркиќ... Ова не е повик за бришење на националните идентитети. Тоа е предизвик за старата логика, дека разликата секогаш мора да значи поделба. Тоа е покана за повторно замислување на солидарноста, едно додавање, една по една заедничка победа. 

Сакаме и кај нас: Денот на тишината

Еднаш годишно, луѓето на Бали го почитуваат стариот хиндуистички празник Нуепи кога 24 часа не само што престануваат да работат, туку престануваат и да зборуваат. Никој никаде на оди, дента не палат ни светла. Тоа им е своевиден спиритуален ресет, време во кое можат да застанат и да се сретнат со себе. Кај нас празниците обично значат поголема бучава. А бучава често се прави за да се маскира празнината во себе. 

Сељаци, сељаци, ама со јак продуцент

„Зелката има кошули триста“ но не е далеку од тоа ни песната Y.M.C.A. на Вилиџ Пипл, која не е само диско зицер кој знае да го размрда и Доналд Трамп туку и вистински продуцентски мастерпис. Од слоевитиот ритмички дел, дуплите гитари, дуплите клавијатури, вокалите.... секое делче легнува на свое место како во швајцарски часовник. Вивисекција на химната на Вилиџ пипл.

Мери ѝ го умот на Каја Калас

Кварната Каја Калас станува главен пропаганден ретард во ЕУ. Жената чиј татко бил функционер во советска Естонија, сега тврди дека Русија во последните 100 години нападнала 19 земји. Некои и по 3-4 пати. И дека ниедна од овие земји никогаш не ја нападнала Русија. Да упростиме: Русија ги нападнала кутрите одбранбени војници на Хитлер, некаде во предградијата на Москва и Ленинград.  

Апаши, од најголемите

Неплатените долгови, прекршените договори и двојните стандарди се најнеомилените темина „западните демократии“. Во времето на шахот Реза Пахлави, Иран на Британците им плаќа огромна воена нарачка вредна преку 400 милиони фунти. Од 1.500 договорени тенкови, испорачуваат само 158 кога паѓа шахот и доаѓа ајатолахот. Никогаш им ги немаат испорачано ниту пак ги имаат вратено парите. 

Трамп и Мамдани се од иста партија

Кога се сретнаа Доналд и Зоран, па уште таа средба испадна „ја тебе војводо, ти мене сердаре“, многумина (од двете страни) беа дебело разочарани. Како може овој мојот да се фемка со она ѓубре? Може, вика ова објаснување, бидејќи и двајцата ја играат истата игра и припаѓаат на истата партија - Партијата на вниманието. Тие луѓе својата политичка сила не ја црпат од идеи и проекти туку од нивото на допамин кое го предизвикуваат. 

Репликата на Владимир Путин

Казахстанскиот претседател Касим - Јомарт Токаев се залауфа во миротворна „give peace a chance“ насока па ќе рече: „Поседувањето нуклеарно оружје денес не е гаранција за безбедност и економски просперитет“. Таман и ние да воскликнеме „Така е, другар Токаев!“ и него и нас во реалноста нè враќа Владимир Путин: „И Садам Хусеин така мислеше“.