Off Topic

Како Роџер Вотерс дозна за апартхејдот во Израел

Се возел по Западниот брег кон градот Јенин. Забележал дека барем имаат убави патишта. Соговорничката  му рекла: Да, ако си Евреј. Од прва не му се верувало дека во таа земја, во Израел, по некои патишта е забрането да се движиш ако си Палестинец. 

Хорор во име на науката

Еко-историчарите го имат прогласено американскиот хемичар Томас Мидгли Јуниор за човек кој ѝ нанел штета на Земјината атмосфера повеќе од кој било друг човек во историјата. А само се бавел со наука и решавал постоечки проблеми. Така измислува две работи: оловен бензин и фреон. 

Глумци бараат тинтрање

Режисерската легенда од 70-тите години, Вилијам Фридкин (Егзорцист, Француска врска..) раскажува како е да се работи со различни актери (Томи Ли Џонс, Бенисио дел Торо, Ник Нолти) и како некои од нив знаат да го тупат. Бенисио на пример, за да влезе во ликот, му било битно да му се каже што тој лик правел кога имал 12 години. 

Злосторство и казни

Бројни уметнички варијанти и видувања има на оваа тема: од оригиналната на Достоевски, преку Кафка и Ками па до Folsom Prison Blues на Џони Кеш или I Fought the Law на Клеш. Овојпат малку поинаку: злосторството е едно пеење а казните се интернет коментарите.

Збогум фудбалу

Во Торонто, Канада, во петок, 3 јули 2026 година во три часот, една минута и дваесет и осум секунди наутро по централноевропско време, брутално беше убиен добриот, сто и шеесет години стар фудбал. Она што ќе го гледаме во децениите што доаѓаат повеќе нема да биде едноставна игра за деца и професионалци, туку видео игра за хај-тек магнати, богаташи и – мафијаши.

Реконструиран е изгубениот гол на Пеле

Во соработка со историчари кои собрале речиси 2.000 историски записи и над 3.600 архивски фотографии, анализале стадионски нацрти и исечоци од весници со дијаграми од случувањата, Гугл со помош на вештачка интелигенција конструирал снимка од митскиот гол на Пеле од 1959 година, меѓу Сантос и Јувентус. Топката префрлува тројца играчи и голман без да допре земја. На стадионот немало камери па останале само сведоштва и легенди. 

7.000 грла за Ози

Преку седум илјади пејачи беа дел од огромниот хор кој во чест на неодамна починатиот Ози Озборн од Блек Сабат се собра во Торонто. Ја пееја „Параноид“ од вториот албум на бендот, песна која во 1970-та година се искачи на четврто место на британските листи и за првпат ги стави Блек Сабат на радарот на пошироката музичка јавност. 

Кај ќе им оди (руската) душа

Саратов е убав град на Волга кој има со што да се прчи. Имаат опера и балет од 1803 година, таму студирал Гагарин, видливи архитектонските влијанија од некогаш бројната германска заедница во градот, преку реката се пружа мост долг 2,8 километри.... Проблем е кога ќе се зумира. Брза помош ти доаѓа и те носи само до влез на Ургентно. Потоа си оставен сам на себе. Макар бил тежок инвалид.

Долга е раката на ДНК

„Генетски портрети“ е тековна фото серија на канадскиот уметник Улрик Колет, започната уште во 2008 година, која ги спојува лицата на двајца поврзани членови на семејството - браќа и сестри, родители и деца или братучеди - во еден единствен, очекуван/неочекуван портрет. Моќта на генетиката во обликувањето на изгледот е недвосмислена, за табиетот другпат.

Синатра, лимун ин д најт

Ја имавме рајдер листата (список на желби што мора да ги имаат во соба/соблекувална) на Френк Синатра во една пократка форма, но еве ја цела, со дури 37 ставки. Ќе видите дека иако му извадија муабет дека на алкохол не се нафтасува, човекот нејќел да мрдне без чај, мед и лимун. Додуша, тие се негде на 20-тото место на неговата ранга листа. Во четворката се крие правиот Синатра.

Култура на револуцијата

Да наречеш некого овде „фашист“ е како да си му кажал „добар ден“. Сакам да кажам, произведува ист ефект, т.е. никаков, т.е. силно куроболие. Никој не се навредува кога некој го нарекува „фашист“. А тоа би требало да биде страшна навреда. Тоа не е ни чудно во земја каде блиските пријатели се поздравуваат со традиционалното: „Па кај си бе, пизда ти материна?!“

Средба на две различни аудио цивилизации

Постариот му објаснува на помладиот дека порано требало да слушаш радио и да чекаш да се најави песната која ја сакаш па да ја снимиш, односно да ги притиснеш фамозните „рец и плеј.“ На малиот не му е јасно дали така се даунлодирала песната и дали е снимен и видео спотот. 

Дали Босна е следната Украина?

Економскиот и геополитички аналитичар од Ријека, Алекс Краинер (кој има сè повеќе почитувачи и кај нас) објаснува како како западните сили ги оживуваат етничките тензии на Балканот за да создадат нов фронт против Русија. Од оркестрирани провокации до тивко демонтирање на Дејтонскиот договор, при што за оправдување на војната повторно се користат морални слогани („одбрана на дмеократијата“), за да се потисне дипломатијата и повторно да се разгори хаос низ Европа.

Милијардерката „Ана Франк“

Шерил Сандберг е поранешна главна оперативна директорка на Мета платформите, прилично заслужна за растот на Фејсбук во империја. Милијардерка е. За филмот „7-ми октомври“ кој треба да биде објавен догодина, пренесува како го доживеала нападот на Хамас. Се уфилмала дека се враќа времето на прогонот на Евреите па прашала блиска другарка дали ќе ја крие. 

Запознајте го нашиот нов матичен лекар

Доктор Велибор Цаниќ отворено порачува дека возрасен организам може дневно да преработи само 180 милилитри алкохол. Но, доктор Цаниќ е доволно хуман па оваа доза је претвора во нам познати форми. Ракија од 40 проценти е всушност 60 проценти вода, ви текнува? За пивопии: десет шишиња на ден, како ви звучи?

Мрачната страна на Франкфурт

Франкфурт, финансиската престолнина на Германија, често асоцира на сјајот на небодерите и пулсот на бизнис-елитата. Но, зад светкавите фасади, постои друга реалност – мрачна и сурова, која ја избегнуваат не само жителите и туристите туку и полицијата. Јутјуберот Курт Каз ве води низ срцето на Таунусштрасе, озлогласениот кварт во Франкфурт во кој „живот живеат“ наркомани, дилери и бездомници.

Туристички "Hunger Games"

Никогаш нема да ги разбереме овие луѓе. Ќе дадат вагон пари и ќе се злопатат со транспортни и предизвици, за во летниот шпиц да го прават ова: рано наутро, подготвени на низок старт, во очекување на официјалниот старт на денот: трка за фаќање лежалка покрај базенот. Дента ќе се сликнат како уживаат. А со трчањево никако да се пофалат.

Не ставајте бензин после првиот „клик“

Многу луѓе (и ние меѓу нив), продолжуваат да ставаат гориво и откако сензорот на пиштолот ќе регистрира дека е доста, ќе кликне и ќе запре со дотур. Го правиме тоа колку да заокружиме некоја цифра, поретко литрите, почесто цената. А стварно небитна е округла цена, кога се плаќа со картичка. „Кога продолжувате да ставете после првиот клик, фрлате пари во ветар,“ открива експерт.

Бог е математичар

Д-р Вили Сун признава дека како млад, долго време бил сомничав и го предизвикувал Бог со нешто да му докаже дека постои. Потоа се нурнал во темата со која се занимава (Сун е астрофизичар од Харвард) и математичката елеганција на природните закони и... Како кога ќе најдеш часовник и ќе ги сфатиш неговите сложени механизми, јасно ти е дека мора да постои некој часовничар. 

Бенини од Газа

Ахмед Абу Амша е учител по музичко во Газа. Позалуден позив не можете да смислите за таму. Но, не е така. Ахмед верува во онаа партизанската „песма нас је одржала“ па како Роберто Бенини во филмот „Животот е убав,“ со музиката и илузијата што таа ја креира, на децата им ја прави реалноста поднослива. Кога доминантен звук е звукот на дроновите, Амша и малите се штимаат по тој тон. 

Тропаме на врата на заборавените диктатори

Нема поинтересни луѓе од диктатори (само дома да не ти се). На времето во Он.нет имавме рубрика „Катче за диктатори“ со ѕвезди како Нурсултан Назарбаев (Казахстан), Гурбангули Бердимухамедов (Туркменистан) и слични. Немавме многу вести за Иди Амин, нагалено наречен „Касапинот од Уганда“ бидејќи одамна беше мртов. Да се потсетиме на него, кога го одликуваше својот роден син со највисоката државна награда. Малиот имаше 6 години.

Кога Седи Винтерс ќе доаѓа во Скопје?

Музичкиот продуцент, Јутјубер и мулти-инструменталист Рик Беато, со пар промптови за ВИ, од нула создаде инди пејачка (Седи Винтерс) и чичка нова песна (Walking Away). Со помош на Суно, за само четири секунди бил генериран ликот на Винтерс и текстот на песната, додека мелодијата и вокалите биле завршени за околу две минути. И сега песната станува хит. 

Верувајте ѝ на половина од науката

Популарниот невролог Ендрју Хуберман вели дека еден од најголемите невро-хирурзи на сите времиња му рекол дека барем половина од оние информации што ги има денес во учебниците по медицина се комплетно погрешни. Кога го прашале колкаво е влијанието на ова врз човечкото здравје, рекол дека тоа не може ни да се пресмета. 

Апдејт за Палестинците во Данска

Во 1992 година, Данска носи посебен закон со кој им се додели азил на 321 Палестинци од Либан. Законот беше донесен првенствено како хуман гест кон овие луѓе кои главно потекнуваа од палестинските бегалски кампови во Либан, земја која беше девастирана во 15 годишна граѓанска војна.  321 Палестинец легално се населија во Данска. Што стана со тие луѓе и како се покажа овој лекс специјалис?

Вегзоризам

Еден поинаков егзорцизаам, кога растителните демони панично го напуштија измаченото тело на една млада и кревка девојка која после 10 години, првпат пробува стек. Душата ѝ дојде на место, насмевката ѝ се врати, тетоважите ѝ се разиграа. „Голем е, се плашам,“ вели таа пред да загризе. „Тоа што јаде месо и мисли дека е голем, оваа девојка ја прави идеална,“ коментира сеирџија.  

Не знаеш кој сè може да ти помогне

Голферот Томи Флитвуд годинава го подели четвртото место на престижниот BMW турнир во Мериленд, кој има импозантен награден фонд од 20 милиони долари. Таа позиција му донесе 910.000 долари. Ако дечкото е фер, неочекувана асистентка која беше клучна да дојде до тие пари, треба да ја почасти со кофа говна.

Еди Рама да си ги собере криминалците од Англија

Лидерот на британските Реформисти долго време предупредува за напливот на илегални албански имигранти преку Ла Манш. Пред некое време му реагирашe премиерот Еди Рама, дека манипулира со погрешни бројки. Фараж тврди дека бројките му се точни но дека е поважно, колку и да се на број Албанците зад решетки, Рама да дојде и да си ги земе. Како што ги зема оние по договор со Италија. 

Како изгледаа Европејците во Белата куќа?

Реално, не знаеме. Имаше доста фотографии (од кои највпечатливи беа оние на кои Трамп ги имаше наредено пред себе „фаците“ како пионерчиња), но немаше видео од она што се случувало зад затворени врати. А мора да било сочно. Ништо страшно, затоа ги имаме Топ листа надреалиста кои пред скоро 40 години предвидоа, покажаа или предупредија како изгледа тоа.     

Твикс, од здравите

Секому му е јасно дека оние близнаци се вкусни, ама полни со шеќер, еден од најомразените елементи на денешната исхрана. Како истиот тој Твикс, на наједноставен начин да ги задржи шеќерите и вкусот, ама на луѓето да им изгледа дека купуваат нешто здраво, нешто што ја обвновува енергијата и мускулите и е збогатено со витамин Б? Со промислен редизајн на опаковката. А притоа ништо нема да излажете.  

Е-густината на кечапот

Кечапот е околу 30 проценти доматно пире а остатокот е вода, шеќер, сол, тракатанци. Ако е 70 проценти вода, како онда е толку густ? Одговорот гласи: Е-415. И пазете, ова ги учат, им го покажуваат и им отвораат очи на ученици некаде во Индија, додека овие нашиве ги тераат да учат органи и институции на Европската Унија.