Паркот е подарок за градот Краснодар од милијардерот Сергеј Галицки (според Форбс човекот тежи 3,2 милијарди долари), газда на трговскиот ланец Магнит и на ФК Краснодар. На цели 23 хектари, во близина на градскиот стадион, многу поразличен од класичните советскии паркови. Дизајниран е од германско биро и е „must‑see“ дестинација за љубители на архитектура, урбанизам и фотографија.