Кога се раскитува елката?

Секоја година на седми јануари, во мојата куќа се раскитува елката. Бидејќи не сум верник, не ми беше многу гајле за тие обичаи. Ама денес малку размислував на таа тема. Зошто морам да ја раскитувам мојата елка на седми јануари? Зошто баш на седми јануари? Има да ја раскитувам кога јас сакам.

Синоќа ми вика ТАА: „Утре, седми јануари, ќе ја раскитуваме елката.“

Ѝ одговорив: „Жими Раде Кончар, нема да ја раскитуваш елката утре.“ Елката останува накитена додека не решам поинаку.  Ако треба, ќе ја бранам елката со моето тело.“

Вика: „Ама, обичај е елката да се раскитува на седми.“

Јас ѝ викам:

„Ме заболе за тој обичај. Моја елка, моите обичаи. Оваа година елката ќе биде накитена за православен Божиќ, Рамазан, Кинеска Нова Година и Еврејска Нова Година, ако таква постои. Додека не се добие поинакво упатство, елката ќе свети за сите прослави. Ако треба, ќе биде накитена и за празникот на африканските врачеви на Банту Суданците“.

„Да не си ја удри негде главата? Да не зема хормонски апчиња наместо апчиња за притисок?“ Никој не ја држи елката накитена цела година!“

„Не ме интересира што прават другите. Другите имаат секс двапати неделно, јас имам секс еднаш месечно. За тоа не те занимаат другите? Елката останува накитена барем до комунистички Велигден“.

Таа ги раширува очите и прашува:

„Кога е комунистичкиот Велигден?“

„Комунистичкиот Велигден е на 29 ноември, можеби Тито ќе воскресне оваа година.“

„Ќе одам да видам дали има слободна соба за тебе на Психијатрија“.

„Доцна е за тоа, веќе не прават резервни делови за мои години.“ 

* непознат автор

3 јануари 2026 - 12:41