Надреализмот како инспирација за шминка

Салвадор Дали најверојатно би бил воодушевен.

Некои вистини за косата

Со таква една леснотија сите што се разбираат во коса ти викаат „а бе, само легни си со витлери и сабајле имаш фризура”, како никогаш да не се разбудиле сабајлето со афро, наместо со очекуваните романтични локни.

Версаче нè уби со носталгија

На 20-годишнината од смртта на Џани Версаче, Донатела ја извади колекцијата пролет 2018, инспирирана од неговите најдобри парчиња. И затоа што датумот беше таков, реши да појача со неколку ликови кои беа ултра важен составен дел од најсјајните години на модната куќа. 

Жена според Мајкл Корс

По повод излегувањето на новиот парфем Sexy Ruby, Лиса Нивен од Вог го испрашува Мајкл Корс што треба да бидеш ако сакаш да бидеш во иста линија со неговата идеја за брендот.

Москино пак претера, и пак го сакаат

Џереми Скот, дизајнерот на Москино, веројатно во еден период од животот толку се има изнервирано од модниот свет и како сè проаѓа, што најверојатно помислил „сега ќе правам глупости и ќе ми пројде, ќе видите.” Барем тој впечаток се потврди на последната колекција на Москино за пролет/лето 2018, а богами и последните десет и повеќе.

Се продаваат предмети од личната колекција на Одри Хепберн

И на пример, мантилот и куферот баш ви требаат и немојте да викате дека не е точно.

Како се добива седиште во први редови на Fashion Week

Ама ако не си Ана Винтур, туку обична млада девојка, опседната со мода и со Александар Ванг во Гугл алертс.

Заборавените гробни тунели на Брисел

Гробните тунели ги има во еден дел на Брисел што се вика Лакен и изградени се затоа што Брисел имал сериозен проблем со пренаселеност во 19-ти век. На градските гробишта веќе немало место, па во 1870-та, градоначалникот побарал да се направат големи тунели под Лакен каде што би се закопувале богатите луѓе.

Не им иде памет

Колективна воздишка и фејспалм на Твитер, откако Кајли и Кендал Џенер уште еднаш ја утнаа работата. Милионите коментари и прашања околу последната колекција, поточно една спорна ташна, можат да се сведат на едно: добро, до толку ли не ви текнува нешто друго?!

Можеш ли да избегаш од Тираносаурус на штикли?

Ти да бидеш на штикли, не животињата.

Пазариме црно во Скопје

Не дека ни треба изговор, ама ете (ќе) заладува (кај и да е, еве), има нови колекции, човек од црно не може да се умори, се комбинира со сè, плус доста се понашате ко да ви треба посебна причина да одите и да купите црна ташна. Што е битно која по ред.

Карминот на Дита фон Тиз

Дита фон Тиз на Marie Claire им покажува како нанесува три нијанси на црвен кармин и зошто е многу важно да користиме молив за усни.

Улична мода од London Fashion Week

За Лондонската модна недела, сè она што го викаме модна икона, it girl, моден блогер или едноставно ентузијаст, го напушта своето природно живеалиште (читај: компјутер, ателје, а често и обично канцеларивче на досадно работно место) и излегува на улица да ги тресе пердувите од ревија на ревија. И сега за сега, од приложеното, може да се заклучи дека сè е во игра.

Елен Деџенерис го искина Ајфон X

„Сега стаклото не е само од напред, туку и позади, па можете и двете страни да ги скршите.”

Кој сака да посвои замок во Франција?

Кога ќе начекате на некој сајт нешто од типот „Листа на прекрасни напуштени замоци во Европа”, се прашувате „Како не се најде некој или државата да го земе замоков под свое, да го опраи или да го продава? И јас. А сега може и директно да учествуваме.

Што може да имате заедничко со Мерилин Монро?

Ако слушате бои и гледате музика, тогаш, како и Мерилин, ви се случува една состојба што се вика синестезија. Вака звучи ко да ви фали нешто, ама не - многу занимлива работа е.

Поезијата на Бирото за пронајдени работи во Париз

На јужниот крај на Париз, на 460 квадрати, се чуваат изгубените нешта на градот. Бирото за изгубено-најдено, или Биро за најдени предмети како што официјално се вика, е институција стара повеќе од 200 години и една од најголемите од овој вид во Европа. Сè што е оставено во метро, во музеј, на аеродром или што ќе се најде на улица или во сандаче, без информации на него доаѓа до тука, и тоа се околу 600-700 предмети дневно.

Видете што се враќа во мода

Од модата што се повторува, можеме да мрчиме за карирано до бесвест, ама никој не може да го оспори фактот дека crimped коса не само што изгледа добро (со вистинската фризура) туку и трае подолго отколку што би сакале да си признаеме. Не се понашајте ко да не сте ескивирале миење коса една недела кога ви е пресирана.

Кај Бетси Џонсон дома

На 75 години, Бетси сè уште прави ѕвезди на модна писта, а возраста не можеш да ѝ ја познаеш ако се загледаш во колекциите што ги креира. Нејзиниот стан го уредува според процесот на креирање фустани - една тенденција за минимализам и едноставност во основата, па шармантно претерување врз сето тоа.

Пак ли карирано?

Додека се прашувавме до кога ќе се рециклираат испробани и изветвени парчиња и дезени, индустријата повторно, во пакетче со картичка на која пишува есен/зима 2017-та (на кое претходно се пречкртани уште неколку изминати години) го враќа – карираното.

Вчера било меѓународен ден на чоколадото

Што не значи дека ние денес нема да погледаме малку во различни чоколадни божества. Спремете се за порно и однапред длабоко извинување.

 

Сè што треба да знаете за Fashion Week

Како се влегува? Мора ли да те облече дизајнер? Како се стига на сите ревии? Како е на афтерпарти?

Нова апликација за барање другарки, стоп машки, стоп лезбејки

Јапонци креираат една многу симпатична апликација, социјална мрежа за склопување платонски женски пријателства без притоа да има „опасност” од удварање, без разлика дали доаѓа од машко или од женско.

Колку чини совршено тело?

Домашна задача: отворете кај најследените девојки на Инстаграм (не мора да се Кардашијан/Џенер, има и такви што прв пат ги гледате, ама имаат милиони следачи), па погледнете се во огледало. Исто е? Не.