Нова апликација за барање другарки, стоп машки, стоп лезбејки

Јапонци креираат една многу симпатична апликација, социјална мрежа за склопување платонски женски пријателства без притоа да има „опасност” од удварање, без разлика дали доаѓа од машко или од женско.

Колку чини совршено тело?

Домашна задача: отворете кај најследените девојки на Инстаграм (не мора да се Кардашијан/Џенер, има и такви што прв пат ги гледате, ама имаат милиони следачи), па погледнете се во огледало. Исто е? Не.

Кога ќе им дадеш на 100 уметници да украсат школо

Во La Cité internationale universitaire во Париз пуштаат 100 графити уметници да прават што ќе им текне со просторот. Појако од резултатот е само разочарувањето кога ќе ти текне дека после ова - сè е реновирано и не било планирано вака да остане засекогаш.

Татковци и ќерки

Ако си татко на девојче, не е многу битно што ти никогаш не си покажал интерес за лакирање нокти, ниту дека од пред 15 години не ти расте нова коса, или дека трендот со мажи што се шминкаат не ти е по ќеиф. Ќе седиш и ќе ќутиш.

Што се случува ако скршиш уметничко дело?

Одиш во галерија или музеј. Се шуткаш, разгледуваш, одиш наназад, мислиш дека ќе седнеш на клупа за да се воодушевуваш на нешто пред тебе. Клупата е од стиропор и жица, дел е од изложбата и чини некои 7000 евра. Седнуваш.

Дали Модната недела е сè уште навистина важна?

Со децении, ревија на модната недела е еден од најгламурозните, медиумски најпокриени настани кон кои се стремат младите дизајнери. Но во самата индустрија, луѓето почнаа да се прашуваат дали онаква каква што ја знаеме е се уште релевантен концепт. Можно е следната генерација нови дизајнери да има други методи за покажување на нивните најнови колекции.

Концептот на „преживување” на модната недела е апсурден

Во моментов сме во период кога модната индустрија се најачува за „преживување” на модната недела, божем се спремаат за војна. Во следната реченица – список на она што уредниците, манекенките, стилистите и дизајнерите мораат да го прават таа недела (што реално трае еден месец): 12 еспреса, неколку екстерни батерии, џиновски наочари за сонце, хартии за матирање од 24-каратно злато, различни штикли, шофер трениран во руска армија, зелен сок, зелен сок, зелен сок.

Г-ѓа или г-ца: Промашената инвестиција во „Ms”

Како се претставувате во мејлови по странство? Miss? Mrs? Или одлучени сте дека ви следува покомплицираното Ms? Изгледа ова последново не објаснува баш сè самото по себе.

Плејбој сака да ви каже што е феминизам

Интернетот е стварно полн со разочарувања. Ваков наслов кога ќе начекаш, го кликаш возбудено и се местиш удобно да читаш еден поинаков осврт и дефиниции на она што значи феминизам. Но, излегува дека е осврт на дефиницијата на Купер Хефнер, 25-годишниот син на Хју, кој е и креативен директор во Плејбој. 

Потресно: Маж нападнат од мачки

Не се препорачува за тие со слабо срце.

Тиндер...лашка?

Добро, извинете, не звучи на нашки толку јако како на англиски. Цртанчето Тиндерела, современа бајка сосе принц и девојка што завршува со него (бар на неколку саати) ја извади College Humor пред некоја година, ама тоа не значи дека престанува да биде добро.

Жените ќе разберат

Удобноста е важна, ама па, и да изгледаат како на реклама е јако.

Жената што заработува од живеење во розево

Китен Кеј Сера е како човеколика мастика. Секој аспект од животот - коса, облека, сè што поседува и целиот животен простор (до прибор во кујна и купатило) ѝ е обоен во некоја нијанса на розево. Прави музика, пишува книги, се појавува по емисии и сето тоа поради нејзината страст за најдевојачката боја во спектарот.

Најскапиот сладолед во Велика Британија

Чини 99 фунти (6670 денари) и има злато на него. Ликот од Базфид што го пратиле да го проба не е нешто многу потресен.

Точките на Јајои Кусама

„Сонцето е точка. И месечината е точка. И планетата на која живееме е точка.”

Како да си направиш своја модна капсула

Ако збунето стоите пред плакар многу почесто отколку што би си признале, ако купувате глупости и ако ги носите истите 10 омилени ствари со месеци пред да направите уште еден шопинг, ова ќе ви биде како откровение.

Нема машки и женски деца за гардеробата на Џон Луис – има само деца

Големиот бренд за облека Џон Луис ги баталува етикетите „машки” и „женски” во детската колекција, во обид да избегне полови стереотипи.

Кој сака да наздравиме со шпагети: Тестенините сепак не дебелеат

Ова се разбира доаѓа после години и години предомислување, де „смалете со јагленхидрати”, де „за вечера можете макарони без зачини”, додека ние читаме шмукајќи уште една шпагета затоа што „ќе почнеме од утре”.

Како Бразилската депилација го добила името?

Самото спомнување на депилација на препони ги тера жените (па и мажите, последниве години) да се потресат, а никој не се откажува од тоа. Додека ја градите вашата love-hate relationship со козметичарката (лав затоа што реално, многу ви иде муабетот, хејт затоа што ве малтретира со корнење), дали сте се запрашале - од каде доаѓа името - Бразилска депилација?

Во случај да не ви беше доволно незгодно од веѓите

Пред недела дена дојдоа брановидните веѓи, ама од кај тоа дека тука ќе застане работата?

Кутри Инстаграм дечковци

Гледаш прејака слика. Она нешто загледана во далечина, сликана од доле нагоре, па нешто филтер, нешто море, разлетана коса. Но! Ако некој слика од страна, обавезно во комбинација влегува и залегнат дечко во прашина, задолжен сликата по секоја цена да биде вредна за лајкови. Видовме што е Инстаграм сопруг. Ова се Инстаграм дечковци. И јака им душа.

Сопруг, татко, идиот

Секоја жена сонува за совршен сопруг и совршен татко на нејзините деца. Да биде мудар, одмерен, пристоен и вреден. Сериозен кога треба, а некад да знае да се нашали. Ова во '50-ти.

Извинете дечки, сега има нови веѓи за дискусија

Брановидни. Бранувани. Скоро цик-цак. Скроз непотребни.

Заврши ерата на огромни гради

Помалото е поубаво. Така бар тврдат сите жени што се одлучуваат за естетски операции на гради – се одлучуваат за Б или Ц корпа како на Тејлор Свифт, наместо за Д-то на Ким Кардашијан што толку долго време беше на пиедестал.