Кутри Инстаграм дечковци

Гледаш прејака слика. Она нешто загледана во далечина, сликана од доле нагоре, па нешто филтер, нешто море, разлетана коса. Но! Ако некој слика од страна, обавезно во комбинација влегува и залегнат дечко во прашина, задолжен сликата по секоја цена да биде вредна за лајкови. Видовме што е Инстаграм сопруг. Ова се Инстаграм дечковци. И јака им душа.

1. Ај сликај ме демек, се сунчам, ама немам поима кај се наоѓам, ама да се фати и морето и дека ми се нозете у вода, ај те молам.

2. Ај сликај нè како наздравуваме, ама не од таму, не не, од горе, онака пијачките у фокус и само водата да се гледа.

3. Ај сликај ме вака клекната ама само нозете на луѓето околу мене да се гледаат, ама и дрвово, НЕ, НЕ ТАКА, ЛЕГНИ!

4. Ај сликај ме демек се журкам, ама држи ми ја ташната и демек, нејќам да ме сликаш, као, шо ти е на тебе, будала, хаха.

5. Ај демек ја држам зградава, ама цела сакам да ја држам. Не, не се гледа цела, легни.

6. Ај сликај демек лејдис најт, сами жени, забавно ни е, мажите дома ги остаивме.

7. Што е? Први септември?! Искачај надвор, ќе легнам у листови, со капа, со све, и ти од горе сликај и ќе напишам #HelloSeptember!

8. - Ај сликај нè од наопачки? - Ама се ротира сликата. - Ама не ме нервирај.

9. - Ај демек трчам, па ќе идеме на пијачка. -Ама 9 сабајле е. - Доста.

10. Ај као, не знам дека ме сликаш, возам, и прејако, ама од невозможен агол, да не се знае дали може некој возел по мене и ме сликал.

11. Ај ја ќе играм вака на сред улица, а ти цела фати ме. Е, како на таа вчера дечко ѝ лежеше, легни и ти. Зашо не легнуваш. Е, така.

извор

1 септември 2017 - 12:19