Точките на Јајои Кусама

„Сонцето е точка. И месечината е точка. И планетата на која живееме е точка.”

Вака го гледа светот Јапонката Јајои Кусама, која има 90 години, а од тие - 70 посветила на уметност. Делата ѝ се фасцинантни, без разлика дали ви се по вкус. Заради ментално нарушување, Кусама има халуцинации, и единствен начин да се справи со тоа се нејзините точки во сите можни варијанти.

Прави infinity rooms, со светла и форми во соби со многу огледала. Освен што е доживљај да се влезе, луѓето во тие соби имаат прилика и да ѕирнат како на нејзе понекогаш ѝ изгледаат работите.

Како од јапонско село се стига до Њујорк и која е Јајои Кусама:

Еве ги огледалата (фулскрин, ќе видите зошто):

Obliteration room - скроз бела соба, во која што на посетителите им даваат точки во разни бои и големини, за да ги лепат кај сакаат. Резултатот е крај.

6 септември 2017 - 10:11