Тиндер...лашка?

Добро, извинете, не звучи на нашки толку јако како на англиски. Цртанчето Тиндерела, современа бајка сосе принц и девојка што завршува со него (бар на неколку саати) ја извади College Humor пред некоја година, ама тоа не значи дека престанува да биде добро.

Во оваа верзија, Пепелашка ги поминува своите денови не толку со чистење и дворење сестри, туку на Тиндер. И конечно наоѓа принцовиден лепотан, прават еден крајно содржаен муабет и идат да се најдат.

Спојлер: Има среќен крај, ама не е засекогаш.

А бе, а користите вие Тиндер? Дај раскажете ни на нас бабите некој трач.

7 септември 2017 - 12:22