Less is more:

Заврши ерата на огромни гради

Помалото е поубаво. Така бар тврдат сите жени што се одлучуваат за естетски операции на гради – се одлучуваат за Б или Ц корпа како на Тејлор Свифт, наместо за Д-то на Ким Кардашијан што толку долго време беше на пиедестал.

 

„Не сакав градите да привлекуваат премногу внимание, па си реков, Б е сосема доволно,” вели Арвис од Калифорнија, која има 26 години. На хирургот Т. И. Стивен му пратила неколку фотографии од Џиџи Хадид за пример. „Нејзините гради се слатки, не преголеми, не претерани, а сепак има нешто.”

Друга девојка, Мекинли која има 30 години, исто така се одлучува да оди од А на Б. „Скромна сум, плус не сакав да станам нешто што не сум; само сакав да го подобрам тоа што го имам,” изјавува таа за Moneyish. „И одлични се. Како да одиш на фризер, или на нокти – суптилно е, а ме прави да се чувствувам поженствено.”

Зголемувањето на гради е најпопуларна козметичка хируршка процедура уште од 2006-та, според Американската асоцијација на пластични хирурзи, за што жените издвојуваат во просек 4000 долари (или меѓу 8000 и 17000 во градови како Њујорк). Само минатата година се изведени повеќе од 290.000 операции за зголемување на гради.

Но, додека бројот на изведени процедури расте, големината на корпата се намалува. Хирургот Д-р Брајан Глат вели дека „Сега сфаќаме дека поголемото не е секогаш подобро. Луѓето бараат да бидат поприродни.”

Д-р Даниел Маман од Менхетн раскажува дека неговата ординација во последните две години се префрлила од „цицки у фаца” до „правела или не правела операција?”

„Најчесто ми бараат од Б плус до Ц минус,” вели тој, „како кај 20-годишна, полни, поткренати и симетрични. А тоа се постигнува со релативно мал имплант.”

И полесно се враќа назад од помал имплант. Една од неговите њујоршки пациентки тешко се враќала на нејзиниот претходен режим за вежбање. Биле тешки физички и тешки за навикнување. „А ако отидев на поголемо од тоа, ќе беше уште потешко,” вели таа.

Д-р Мелиса Дофт, која води ординација за пластична хирургија на Парк Авенија, заклучува дека ги одминавме пин-ап моделите од 50-ти, па стигнавме до другиот екстрем – Кејт Мос и 90-ти, за сега да завршиме некаде на средина. „Новата силуета што денес ја бараме е лесна и атлетска. Има облини, но не се огромни..”

„Порано, кога по таблоидите имаше луѓе како Памела Андерсон, луѓето го бараа тоа,” вели докторот на Мекинли. „Но сега, многу пациентки сакаат да изгледаат пропорционално; не сакаат да бидат само на гради. И веќе добивам пациенти со препорака, кои бараат да им ги извадам имплантите.”

Некои од природно надарените ѕвезди доаѓаат и на намалување, со изјавата дека никој веќе не сака големи гради. Ариел Винтерс (Алекс од Modern Family) веќе ја заврши таа работа, а Амбер Роуз размислува за тоа: „Претешки се, ме боли грбот и не можам да носам симпатични маици без бапски градник.”

Аплауз за Б-корпата.

31 август 2017 - 15:31