Нема машки и женски деца за гардеробата на Џон Луис – има само деца

Големиот бренд за облека Џон Луис ги баталува етикетите „машки” и „женски” во детската колекција, во обид да избегне полови стереотипи.

Наместо тоа, ќе ги обележат сите парчиња со едно заедничко „за момчиња и девојчиња,” и лансираат нова неутрална линија на облека со фустанчиња со диносауруси и маички со вселенски бродови.

Керолајн Бетис која е главна за детска облека во компанијата изјавува дека, „не сакаме да се раководиме според половите стереотипи, туку наместо тоа да обезбедиме поголем избор и различности за нашите клиенти, за родителот или детето да избере што сака да носи.”

Ова за таквите ко мене, односно едно дете што инсистираше да игра со мечеви и плачеше кога мораше да се носи сукња е една пријатна вест, плус, ако не ти се свиѓа, тогаш си одиш во детската Зара и си пазариш розево за женски, плаво за машки. 

НО!

Луѓето не сакаат кога се обидуваш да им ги раскринкаш стереотипите.

Твитер малку се запали, како што тоа обично бива со Твитер, па масовно се огласија луѓе што решија да бојкотираат се живо врзано со Џон Луис, па да се жалат дека нема смисла „едно малцинство” да налага како треба децата и луѓето да се однесуваат. И сето ова затоа што одеднаш, некое девојче може да носи фустан со диносаурус. Но добро.

(Да се запази името на овој незадоволниов.)

Пирс Морган, дежурен шовинист и сељак на Твитер, што редовно го јаде од општествено освестени (читај: нормални) жени исто не е пресреќен со новитетот на Џон Луис.

Наспроти сите вриштења за традиционалните вредности, многу поголем број на луѓе излегоа со поддршка.

На сајтот на Џон Луис се уште се одвоени колекциите за машки и женски, но брендот веќе најави дека и тоа ќе се менува.

Како ли само ќе преживеат сите тие навредени луѓе со толку многу жолти и зелени маици за деца, да не може човек да досфати дали е за ќерка или за син тоа?

5 септември 2017 - 11:01