
Едно време стана досадно и веројатно затоа се изгуби полека. Го оставивме некаде во трето одделение, па на кратко му се навративме во втора средно и пак го баталивме. Ама во денешно време, со сите трендови за фризури и бои на коса така добро може да се искомбинира, што излегува дека имаме работа со комплетно ново откривање на глупите бранчиња што ја прават косата драматично поголема и подложна на свашта.
Прво, некаде во '90-ти изгледавме од прилика вака, глупко:

Ама видете го на пример ова:

Со денешна шминка. Одма е подруго, нели?

Со денешни бои за коса, плус кој вика дека мора да се оди на едноставно?






Ако ви се поедноставува, девојчево подоле се вика Бела Торн. Ни јас не знаев која е до скоро, ама е скроз битно име во денешниов холивудски свет. Кога почнува да зема замав пресираната коса, не е ни родена. Па сепак:

Идам да си ја најдам пресата за коса, извинете.
Патем, за жал, имате и веѓи и усни што можат да ви одговараат со косава.