Москино пак претера, и пак го сакаат

Џереми Скот, дизајнерот на Москино, веројатно во еден период од животот толку се има изнервирано од модниот свет и како сè проаѓа, што најверојатно помислил „сега ќе правам глупости и ќе ми пројде, ќе видите.” Барем тој впечаток се потврди на последната колекција на Москино за пролет/лето 2018, а богами и последните десет и повеќе.

Во секој случај, ако на момент го заборавиме фактот што Москино многу сака да прикажува ќеси (баш ќеси, хартиени, најлон, какви сакате) на модна писта, може да се каже дека нивните модели се уметнички инсталации и омаж на поп-културата и тоа некогаш нејзините најзанемарени слоеви.

И, дали некогаш сте виделе добар лустер и сте си рекле „баш би сакала да го облечам ова”?

Еј, не.

Ова исто можете во букмаркс, за на први април ако не ви текнува нешто за маскирање, да идете како некоја од овие збунети девојки.

Еве го Џереми Скот:

1. Кога ќесата од хемиско е стварно многу фино направена.

2. Кога те воодушевува дизајнот на ќесите во супермаркет.

3. Ако никој дома нејќе да фрли ѓубре, искористи го моментот.

4. Кога ќе ти пораснат децата, а жал ти е да ги фрлиш играчките.

5. Кога конечно ќе ти се исполни желбата да се облечеш исто како оние што се сецкаа од списание со девојче во долна облека и неколку хартиени фустанчиња.

6. ...И имаше избор на неколку капи и фустани... Ама ти не знаеше како се сече фустанот, а мајка ти беше на работа.

7. Кога одиш на забава по повод „Последната запалена депонија во Македонија”.

8. ...И ќе се пресоблечеш.

9. Еве го лустерот! Ова кога ти е скроз криво дека лустерот од Офицерски дом е во музеј надвор од државата, па ќе си направиш твој.

10. Кога си облечен како парфем, ама луѓето нема да сфатат и ќе мислат дека си облечен во средство за прозори.

 

11. Кога сакаш да направиш чест на Македонија Пат.

12. Кога „лизгав под” е многу возбудлив дизајн.

13. ...

14. Кога конечно можеш да влезеш во облека за Барбики.

15. И овде.

16. Кога е сеедно што е, само да е Москино.

17. Кога ти е криво што го затворија Мекдоналдс и никогаш не успеа да бидеш од тие вработените со ѕвезди.

извор

22 септември 2017 - 09:33