Првиот тунел бил завршен во 1878-ма и бил долг 31 метар.
Во 20-ти век продолжува изградбата на ваквите тунели, не толку поради пренаселеност, колку заради луксуз - на богаташите им се свиѓало што нивните роднини можат да им ги посетуваат гробовите без да им пречи ладниот, белгиски дожд. Освен тоа, закопувањето овде било доста престижно, со оглед на тоа што таму се наоѓале и гробовите на кралското семејство.
Во 1980-та огромниот лавиринт од гробишта под Лакен го затвораат поради влага и скапан цемент. Тоа, и затоа што на луѓето не им било веќе толку гајле каде ќе одат откако ќе умрат, и тунелите почнуваат да пропаѓаат од неодржување.
Пред две години, после речиси 40 години – Брисел почна да ги реновира тунелите и од јуни годинава се отворени за јавност.
П.С. Катакомбите во Париз можат боље: