Како се добива седиште во први редови на Fashion Week

Ама ако не си Ана Винтур, туку обична млада девојка, опседната со мода и со Александар Ванг во Гугл алертс.

И излегува дека е баш напорно да стигнеш до први редови. Возбудата почнува кога Александар Ванг изјавува дека првите 100 души што ќе бидат пред неговата продавница на одреден датум, ќе добијат алки за влез на неговиот #wangfest. И тие што сакаат да бидат меѓу првите сто, или кампуваат пред дуќан, или стануваат во 5 за со еден куп типови на превоз да стигнат до „кампот”.

Ваљда вреди, ако си човек што чита официјална нотификација од Александар Ванг како да е љубовно писмо лично адресирано до тебе.

21 септември 2017 - 12:28