
Мора да било прединфарктна состојба во публика, со оглед на тоа што Синди Крафорд, Клаудија Шифер, Карла Бруни, Хелена Кристенсен и Наоми Кембел се појавија со истата своја боговска енергија од пред 20 години, во златни фустани, со нозе до небо и самодоверба што денешните манекенки никако да ја донаучат.
Еве ги во '90-ти:

А луѓето ги вратија во времето кога манекенките не беа само закачалки (последниве години дизајнерите се откажаа од тоа затоа што видоа дека и карактерот продава) и кога модните писти беа многу повеќе од излог што се движи.

И не само што нè враќаат нас назад, туку и во духот на старите добри времиња, во бекстејџ се караат која да биде во средина, според Донатела Версаче.