Некои вистини за косата

Со таква една леснотија сите што се разбираат во коса ти викаат „а бе, само легни си со витлери и сабајле имаш фризура”, како никогаш да не се разбудиле сабајлето со афро, наместо со очекуваните романтични локни.

Интернетот нонстоп лаже. Твојата неволност да губиш време на фризер и некој да ти ја фаќа косата кога-тогаш ќе те однесе на Јутјуб, да провериш дали си бар малку способна да заличиш на човек со сопствени напори. Таму, 764-то видео со успешна фризура на некоја што има 764 илјади следачи, и сака да те убеди дека „ти требаат само пет минути, фигаро и четка”.

Шеесет и пет минути покасно, после 20 пати враќање на потезите, на екранот има една бјути влогерка со фризура како од салон, а кај тебе во огледало има едно нешто што благо потсеќа на возрасна жена што на глава има јазовец уштекан во струја.

Па, нели истите чекори?

 

25 септември 2017 - 12:27