Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Микрофестивал „Бостание“ - градинарство, уметност, дружење

18 September 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Во општествената градина „Бостание“ во Скопје на 19 септември, од 14 до 23 часот, ќе се одржи годинашното издание на микрофестивалот „Бостание“, посветено на темата „Вкоренување“. Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители.
  • Преку темата „Вкоренување“, фестивалот ќе ги истражува поврзаноста на луѓето со почвата, местото во кое живеат, заедницата, споделеното знаење и меѓусебните односи. Градината ќе биде претставена како простор во кој се преплетуваат здруженото градинарство, културата, уметноста, храната и музиката.
  • Во музичкиот дел ќе настапат дуото „Луна и Петар“, Мартин Џорлев, Елена Баклава и џез-квинтетот „Next to Silence“. Во изложбената и останатата фестивалска програма ќе учествуваат Иван Ивановски, Ивана Мирчевска, Ана Ивановска, Максим Наумовски, Зорица Зафировска, Владимир Лукаш и Јасмина Главинче. Нивните дела ќе бидат поставени во непосреден однос со просторот на градината, отворајќи прашања за поврзаноста на уметноста со природата, местото и заедничкото живеење.

Целата програма тука

извор

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

28 September 2026
  • Share
  • Post
  • Вчера, 27 септември, Иво Бару ја освои титулата на „Државното првенство во Катан 2026“. Шампионатот се одржа во новоотворениот простор за друштвени игри „Рулбук“ во Скопје, а турнирот беше организиран од „Гоблин“. На масите се собраа 64 играчи, кои повеќе од десет часа се натпреваруваа за титулата најдобар играч на „Catan“ во земјава.
  • Победата има и дополнително значење бидејќи со неа Бару добива можност Македонија да ја претставува на европската сцена. Како национален шампион, тој ќе настапи на CATAN European Championship 2026, кое во ноември ќе се одржи во Португалија. Според официјалниот систем на CATAN, националните првенства се патот преку кој играчите се квалификуваат за меѓународните натпревари, а шампионите добиваат можност да се борат со најдобрите играчи од другите земји.
  • Иво има пишувано во нашата подрубрика Букбокс друштвени игри, осврт под наслов „Фотосинтеза или како да не бидеш 'дрво' за садење дрвја“.
извор

Чуму слобода?: фестивал Букстар од 28-30 септември во Скопје

23 September 2026
  • Share
  • Post
  • Од 28-30 септември на повеќе локации во Скопје ќе се одржи 12-тото издание на фестивалот Букстар. Тој оваа година го отвора прашањето ЧУМУ СЛОБОДА? односно FREE AT LеAST?, инспирирано од зборовите на Мартин Лутер Кинг Јуниор: „Никој не е слободен сè дури сите не сме слободни“. Во време кога границите – видливи и невидливи – повторно се појавуваат околу нас, книжевноста останува простор во кој БАРЕМ мислата може да се движи без ограничувања, велат организаторите од издавачката куќа „Антолог“.
  • На 28 септември од 18:30 во Лабораториум ќе се одвива разговор со неколку македонски писатели со модераторката Фросина Пармаковска на тема „Од робот до четбот: дискусија за ерата што доаѓа“. 
  • На 30 септември во Europe House во Скопје, со почеток од 16 часот ќе се одржи мал омаж во кој уредници на четири издавачки куќи и познавачи на творештвото на неодамна починатата иранска авторка Марџан Сатрапи ќе се осврнат на нејзиното творештво, а модератор ќе биде Ивица Дукоски. Истата вечер од 19 часот е предвиден разговор со Ѓузел Јахина, авторка на „Зулехја ги отвора очите: патување во еден книжевен универзум“. 
  • Помеѓу гостите на фестивалот е и најчитаниот шпански автор Елој Морено. Во 2025 година, заедно со илустраторот Давид Сиера, тој ја објави „Новото патување на Малиот принц“, продолжение на „Малиот принц“. Покрај тоа, шпанскиот автор на 8 февруари 2025 година го собори Гинисовиот светски рекорд за најмногу потпишани книги во 12 часа, со неверојатни 11.088 потпишани книги. 

Целосната програма и списокот на учесници се достапни на социјалните мрежи на Антолог.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Зденка цела да е

Македонштина
2

Пелети – историја на една многу добра идеја која пропадна

3

Во Јута ќе се гради дата-центар со 456 нуклеарни реактори

4

За македонцките стенд-ап ужаси

Разно
5

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Бизнис
6

Каков „малер на колото“ му пративме на НАТО

Македонски рулет
7

Дарко Панчев ја подари прочуената Златна копачка во музејот на Ѕвезда

Фудбал
8

Седлоски: Не дека селекторот се вади, но факт е дека националните тимови во Б дивизијата се подобри

1

Кога сакале да создадат куче-супермен

Bookbox
2

Што се случило кога Дали го запознал Фројд?

Bookbox
3

Тајниот прирачник на ЦИА за трикови и измами

Bookbox
4

Како цензурата помогнала да се создаде „Зона на самракот“?

Bookbox
5

Кириле, не се опуштај!

Bookbox
6

Батерија од хартија што може да се голтне и да напојува медицински уреди во телото

Bookbox
7

За ова ли ја воскреснаа Грета Гарбо?

Bookbox
8

Иво Бару е победник на државното првенство во Катан и оди за Португалија

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Зденка цела да е

Македонштина

Како да се наполнат моловите со глупи луѓе

Балканштина

Квалификации

Медиуми

Размислете за храната

Балканштина

Секој има ваков пријател

Медиуми

Како бре дете се судрило со Ауди???

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Само со принтери сум слаб

HEY, THE FALCON IS DRINKING!

Како ЕКВ, Партибрејкерси и Електрични оргазам ѝ покажаа среден прст на војната

Скопски лов на жени

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy