Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Bookbox › Набрзинка

Македокс бр. 17 од 20-27 август

12 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи од 20 до 27 август во Куршумли ан, Музеј на Македонија, Сули ан, „Лабораториум“ и Албански театар во Скопје.
  • Фестивалот ќе биде отворен на 20 август во Куршумли ан со проекција на краткиот филм „Цвеќињата стојат молкум, сведочат“ на Тео Панагопулос и долгометражниот документарец „Кон запад, во Запата“ на Дејвид Бим. Во целокупната програма на фестивалот се предвидени проекции на 71 филм.
  • Фестивалското мото „Само сонот е стварност“ е наслов на песна од Тин Ујевиќ, но и на книга на една од нашите најзначајни македонски филмолози и филмски критичарки, Илинденка Петрушева.
  • Земја во фокус годинава е Шпанија со избор од најавтентичните и највозбудливите остварувања на тамошната современа документарна сцена. Програмата се одликува со силен авторски печат, визуелна смелост и тематска разновидност, а ќе вклучи и избор на кратки документарни филмови од Канарските Острови и експериментални краткометражни дела од Перу.

Целата програма по денови тука

извор

„Зборотворба на годината 2026“

9 September 2026
  • Share
  • Post
  • Здружението „Зборци“ ја организира годинешната „Зборотворба на годината“ манифестација посветена на македонскиот јазик, зборообразувањето, книжевноста и музиката, која ќе се одржи на 12 септември (сабота), со почеток во 19:00 часот, во дворот на Студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје. Влезот е бесплатен.
  • Настанот ќе започне во 19:00 часот со дискусија на тема „Озборување“, чиј модератор ќе биде Виктор Бучковски. Темата поаѓа од идејата дека озборувањето, иако најчесто се разбира негативно, е една од најстарите и најприсутните форми на човечка комуникација и важен дел од начинот на кој преку јазикот градиме блискост, доверба и правила во заедницата.
  • По дискусијата следува музичката програма, замислена како спој на различни генерации, жанрови и изрази од македонската сцена. Во 20:15 часот ќе настапи Женскиот младински хор при МКЦ, во 20:45 часот Лидија Кочовска и Јоргуш, во 21:30 часот Вец Вајс Верс, а во 22:00 часот „Животни“. Во 23:00 часот следува заедничкиот настап на Принцес Донатсу и Донплеја со Битолскиот камерен оркестар, додека вечерта во 00:00 часот ќе ја заокружат „Маратонци“.
  • За изборот на победничките зборови годинава одлучува жири-комисија составена од луѓе што доаѓаат од различни области. При изборот предност ќе имаат зборотворби што имаат шанса да фатат корен во секојдневниот говор, зборови што можат да понудат домашен еквивалент на постоечки интернационализми, како и креативни решенија во кои звучноста и употребливоста се среќаваат во природна целина. 
    Да се потсетиме на ланскиот победник - „стивнина“.
извор

Петто издание на фестивалот „Зрно“ во Отешево

7 September 2026
  • Share
  • Post
  • Од 9 до 15 септември, во Отешево ќе се одржи петтото издание на „Зрно“ – фестивалот за алтернативна фотографија, кој повторно ќе собере фотографи од Македонија и од повеќе европски земји. Во текот на работилниците, околу 30 учесници од Германија, Австрија, Унгарија, Словенија, Романија, Хрватска, Турција, Украина, Србија и Македонија ќе работат со различни аналогни и алтернативни техники, ќе разменуваат искуства и ќе учат едни од други.
  • Покрај работилниците, петтото издание носи и јавна програма. На 11 септември, во Центарот за култура во Ресен, ќе бидат отворени изложби на Андраш Согор од Будимпешта и Тома Димовски од Скопје, по што ќе следува филмска проекција.
  • На 12 септември, програмата продолжува на плажата во Отешево, каде Мартина Пенева ќе одржи DJ-сет „Зајдисонце и нова месечина“. Со работилниците и јавната програма, „Зрно“ и оваа година ги поврзува фотографијата, експериментот, природата и луѓето кои сакаат да создаваат и да размислуваат за фотографијата на поинаков начин.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Bookbox
1

Американците ни го признаа ќ-то

Разно
2

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Македонштина
3

И за ова ли треба упатство???

Македонштина
4

Летечкиот килим не е спорен

Забава
5

Пола од младите нема да можат да го разберат ова

6

Шахтата поправена

Македонштина
7

Аргентина мириса крв околу Фолкландите

Мислења
8

Џокерот на Ренџерс во 91-ва минута се вика Бојан Миовски

Фудбал
1

Картата не е територија: што покажуваат, а што искривуваат различните карти

Bookbox
2

Нашите елоквентни раце: зошто гледањето на дланка не е баш толку ненаучно?

Bookbox
3

Пробивањето на „четвртиот ѕид“ во древната керамика

Bookbox
4

Како изгледаше културната сцена во 1991?

Bookbox
5

Антички хеви-метал

Bookbox
6

Пред да стане портокалова: Фанта и нејзината поврзаност со нацистичка Германија

Bookbox
7

„Зборотворба на годината 2026“

8

„Притисок“ или метеорологот што го убеди Ајзенхауер да го смени датумот на денот-Д

Гледанка
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Шахтата поправена

Македонштина

И за ова ли треба упатство???

Разно

Американците ни го признаа ќ-то

Македонштина

Ние Оффнет се придружуваме кон честитките

Балканштина

Материјал за љубовен филм

Македонштина

Немојте и колата да ви ја донесе

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Работата со лебот не е црно-бела

Рецепт за "Богати и славни"

Битлси, заебани

Да ја започнеме годината со пригодно лудило

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy