Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска. 
  • Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
  • Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
  • Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак. 
  • Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.
извор

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

3 August 2026
  • Share
  • Post
  • Најмалку 21 студент си го одзел животот во Индија, откако државниот приемен испит за медицина бил презакажан поради протекување на испитните прашања.
  • Заради тој пропуст, речиси два милиона кандидати морале повторно да го полагаат испитот. 
  • Ваквиот трагичен епилог предизвика масовни протести поради кои оставка си поднесе министерот за образование Дармендра Прадан.
  • „Да ги слушнеме младите пред да си го одземат животот,“ порачаа демонстрантите.
извор

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

3 August 2026
  • Share
  • Post
  • Трговците со луѓе профитираат од амнестијата за азил што ја прогласи премиерот Педро Санчез. Сега префрлаат мигранти од Британија кон Шпанија, со ветување дека ќе им биде легализиран статусот и ќе добијат пристап до европската зона на слободно движење.
  • Оваа шема главно е наменета за мигрантите во Британија што се соочуваат со депортација или им изминала важноста на визите и дозволите за престој. Плаќаат по 1.000 фунти за да се вратат по патот од кои пристигнале на Островот.
  • Контролата за излез од Британија кон Европа е многу послаба од онаа за влез. Шверцерите префрлат мигранти во Франција со траекти или со камиони или возови преку тунелот под Ламанш, а потоа ги водат до Шпанија.
  • Услугите се рекламираат на социјалните мрежи преку видеа на кои се прикажани мигранти како скокаат од камиони во француски рурални предели. Други личат на реклами за туристички патувања, со слики од Ајфеловата кула, Колосеумот и Бранденбуршката порта.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Столе Димитриевски со измешани емоции: Следи посебна, тажна и емотивна сезона за Валенсија

Фудбал
3

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

4

Срѓан, колкаво ти е IQ-то?

Мешано
5

Загина Нирмал Пурџа, Мајкл Џордан во алпинизмот

6

Се враќа Winamp

7

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
8

Два рекорди на УФЦ спектаклот во Белград

Разно
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
4

Загина Нирмал Пурџа, Мајкл Џордан во алпинизмот

5

Се враќа Winamp

6

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

7

САД фрлиле бомба од 1 тон врз семејна куќа во Иран

8

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Смее ли да се пушти порно во ваква соба?

Кога Ајнштан го сретна Тагоре

Самрак на Боговите

Кога човек ќе се просветли

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy