Столе Димитриевски со измешани емоции: Следи посебна, тажна и емотивна сезона за Валенсија

Најдобриот македонски голман им се приклучи на тренинзите на Валенсија од пред повеќе од две недели, а во меѓувреме бранеше и на пријателската средба против Стоук Сити која заврши 1-1. Кумановецот во разговор за шпански медиум раскажа за новата сезона и што ги чека во неа.

Во разговор за „Плаза Депортива“, Столе Димитриевски раскажал дека него, екипата и целиот клуб ги чека крајно емотивна сезона затоа што Валенсија ќе ги одигра последните 12 месеци на култниот стадион „Местаља“ кој оди во историјата.

Овој фудбалски храм ќе биде урнат и на исто место ќе се гради ново и модерно здание кое ќе се вика „Нова Местаља“.

„Ни следи многу посебна, тажна но и емотивна сезона за сите во Валенсија. Тоа е мешавина од емоции. „Местаља“ е неверојатен стадион, тоа е стадионот кој најмногу ме импресионираше од сите други кога доаѓав и како гостин“, вели македонскиот репрезентативен голман и продолжува:

„Мора да дадеме се од себе за да ја испратиме последната година на „Местаља“ онака како што доликува. Нашата публика заслужува добра последна сезона на „Местаља““.

Во однос на целите и амбициите во новата сезона, Димитриевски вели:

„Ако ги подобриме настапите во првиот дел од сезоната и играме како во вториот дел од сезоната, може да веруваме во такво нешто. Треба да одиме од натпревар во натпревар и да почнеме добро од старт. Тоа ќе биде многу важно за да се оствари целта“, вели македонската репрезентативна единица.

3 август 2026 - 10:43