Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

САД фрлиле бомба од 1 тон врз семејна куќа во Иран

2 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Визуелна истрага на Њујорк тајмс покажува дека американските сили во четвртокот фрлиле бомба од 900 килограми врз семејна куќа на иранскиот остров Кешм во Ормускиот проток. Загинале маж, жена и нивниот двегодишен син, а две други деца биле извлечени живи од урнатините.
  • Во околина на куќата, во густо населениот кварт Чах-Тангу, не е лоциран објект што би можел да биде потенцијална воена цел. Нема ни извештаи за воени жртви при нападот – информации што иранските власти вообичаено ги објавуваат. Во истиот бран напади биле погодени два магацини на приодите кон градот.
  • Врз основа на видеоснимки, сателитски снимки, големината на кратерот и фрагментите од бомбата, експерти за оружје заклучиле дека нападот одговара на дејство на американска бомба „Марк-84“ со систем за наведување JDAM, една од најразорните во конвенционалниот арсенал на САД.
  • Бомбата била детонирана по ударот и направила кратер со дијаметар од 10 метри. Овој тип бомби типично се користат за уништување згради, железнички јазли и комуникациски центри.
  • Американската централна команда не објави што било гаѓано во населбата во Кешм. Соопшти дека ги разгледува извештаите за цивилни жртви, но упорно тврди дека никогаш не нишани кон цивили“.
извор

Украинскиот Владо Таневски

20 август 2026
  • Share
  • Post
  • Хрватската полиција во Пула го уапси украинскиот нуркач Володимир Журавлев, кого германското судство го сомничи за кревање во воздух на гасоводот „Северен тек“ во 2022 година - додека работел на филм кој се занимава токму со таа саботажа.
  • Се работи за холивудски политички трилер во режија на прославениот режисер Даг Лиман (The Bourne Identity, Mr. & Mrs. Smith, Edge of Tomorrow...), со Шон Пен и Адријан Броди, директно инспириран од експлозиите кои го уништија Северен тек а следи операција на тајна екипа украински нуркачи во исклучително опасна мисија.
  • Журавлев бил ангажиран на снимањето на подводните сцени каде бил лоциран и уапсен.
  • Ова е трет обид за негово приведување.
  • Пред две години избегна апсење во Полска од каде со автомобил на украинскиот воен аташе бил префрлен во Украина.
  • Една година подоцна повторно се појави во Полска, полицијата го приведе, но полскиот суд одби да го екстрадира во Германија со образложение дека уништувањето на руската енергетска инфраструктура е легитимна воена цел во воени околности. Но, налогот за апсење од сојузниот суд во Карлсуе остана на сила.
  • Владо Таневски беше новинар и сериски убиец кој за убиствата на неколку жени пишувал хонорарни статии и репортажи. Заврши со мистериозно (само)убиство во кофа вода.
извор

Затворена истрагата за модуларните болници: Немало ништо спорно

20 август 2026
  • Share
  • Post
  • Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не утврдило основи за сомнение дека е сторено кривично дело при јавните набавки поврзани со изградбата на 19 модуларни болници. 
  •  Биле анализирани јавните набавки, техничките спецификации, договорите, проектната документација и релевантните законски прописи. 
  • По анализата на сите докази и извршените проверки, Обвинителството не утврдило факти што би укажале дека службено лице ја искористило или пречекорило службената положба и овластување, или не ја извршило службената должност со цел да прибави значителна имотна корист или да предизвика значителна штета. 
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Почина најстариот американски затвореник

Занимливости
2

Македонскиот Џонтра

Македонштина
3

Хрватскa направи подвиг во ватерполо, невиден во ниту еден друг спорт

Разно
4

Го исекоа докторот

Балканштина
5

Зошто Грција има толку многу словенски топоними

Видео
6

Не само во цената да гледате

Балканштина
7

Украинскиот Владо Таневски

8

Свадба, основен пакет

Балканштина
1

Почина најстариот американски затвореник

Занимливости
2

Грција станува израелски сателит

Балкан
3

Украинскиот Владо Таневски

4

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

Свет
5

Нашата планета станува сè потемна

Занимливости
6

Фатете се за пенкало

Занимливости
7

Офлајн мапи за по шуми и вукојебини

8

Мрсните функционери на мрсниот Доналд Трамп

Разно
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Македонштина

Македонскиот Џонтра

Балканштина

Го исекоа докторот

Балканштина

Не само во цената да гледате

Македонштина

Ни отидоа најупатените

Балканштина

Свадба, основен пакет

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Од вирусни информации некогаш се повраќа

Кое сранје е овој Канје

Фото на денот

Зошто не доаѓа Принс во Скопје?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy