Се враќа Winamp
2 август 2026
- Winamp и Deezer објавија дека подготвуваат нова генерација на лгендарниот плеер која ќе пристигне во првата половина на 2027 година.
- Ќе оди под брендот Winamp, со стриминг кој ќе го напојува Дизер. Винамп го задржува својот изглед и идентитет а Дизер ќе работи невидливо во позадина.
- Винамп беше генерички поим за .мп3 плеер (како пента, џип, пелистерка...) пред да издоминираат Јутјуб, Спотифај и слични.
- Денес тоа е еден од ретките софтвери кој е постар од поголемиот дел од публиката. Поради навика, инерција или носталгија, сè уште го користат околу 40 милиони луѓе во светот, без денар во маркетинг последниве десетина години.