Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3 август 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска. 
  • Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
  • Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
  • Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак. 
  • Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.
извор

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички

23 август 2026
  • Share
  • Post
  • Собранието на пратеничките ќе им плаќа приватен преглед мамографија на дојки, во ситуација кога со месеци жените се обидуваат да закажат мамографија во јавното здравство, бидејќи термини нема.

  • Приватниот преглед со мамографија во Македонија чини од 3.000 до 5.000 денари.

  • Пакетот е додаден на основниот за систематски преглед на пратениците и на вработените во Собранието. Услугата приватен преглед Мамографија на гради ќе ја користат и службеничките во Собранието и вработените жени во кабинетот на претседателот. 

  • Приватно здравствено осигурување има и за директорите на ЕСМ (еден од најголемите државни загубари), Државна лотарија, вработените во Народна Банка, менаџментот и вработените од Развојна банка....

извор

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

22 август 2026
  • Share
  • Post
  • Професорката Христина Манческа писмено го известила  директорот на гимназијата „Мирче Ацев“ од Прилеп дека поднесува отказ „поради тоа што има екстремно некоректно оценување на некои коишто воопшто ништо не учат (буквално уста не отвораат) а се бара преодна оценка“.
  • Двајца ученици кои поправниот по хемија не го положиле во јуни, требало да полагаат во август. Во меѓувреме Манческа им закажувала дополнителна настава. 
  • „Од сите закажани термини се појавија само еднаш и сами не знаеја за што се дојдени и се брзаа да си одат бидејќи ќе немало превоз. На испитот и покрај желбата да положат учениците не знаеја ништо ни реченица да кажат а не па да напишат равенка или формула“.
  • Друга професорка од комисијата им пишала двојки, очекувале Манческа да го потпише тоа. Притискал и директорот со „аргументот“: „на колку ученици без да знаат му сме пишале двојки“.
  • И дека заради кецовите немаат ученици.
  • „Си го напишав отказот затоа што сметам дека образованието е паднато на дното. И дека не е проблемот во учениците туку во професорите и претпоставените лица што наредуваат да мора да се пишат оценки а најповеќе ургенциите од родителите“, ја цитира во својата колумна пензионираниот Виш државен просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Грција станува израелски сателит

Балкан
2

Ќе им дадеш платформа и вака ќе те серат

Онака
3

Нарачка за Стокомак

Македонштина
4

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

5

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Балканштина
6

Почина најстариот американски затвореник

Занимливости
7

Зошто Грција има толку многу словенски топоними

Видео
8

Оние кои и на свадба не се сигурни од чија страна се

Македонски рулет
1

Грција станува израелски сателит

Балкан
2

Зошто професорката Христина Манческа поднесе отказ?

3

Почина најстариот американски затвореник

Занимливости
4

Британско упатство за мигранти: Не силувајте жени

Свет
5

Секој втор прекршок преку „Сејф Сити“ го направиле странци

6

Што ако демократијата беше само минлива историска епизода?

Мислења
7

Украинскиот Владо Таневски

8

Државата плаќа приватна мамографија за пратенички

* за последни 24 часа

Локалности

Разно

Ројтерс за пожарите во Македонија

Македонштина

Нарачка за Стокомак

Балканштина

Кј си море чоек: Исус е роден во Охрид

Македонштина

Македонскиот Џонтра

Балканштина

Го исекоа докторот

Балканштина

Не само во цената да гледате

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Дипломатска шареница

Каков сајт, лик и сè друго на денот

Дарко Митревски: Засекогаш моја. Никогаш Северна!

Замина еден од најдобрите

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy