Два рекорди на УФЦ спектаклот во Белград

UFC Fight Night настанот кој се одржа во белградска Арена постави два нови рекорди во историјата на најголемата светска ММА организација кои досега не се забележени ниту на еден УФЦ настан.
 

Во текот на вечерта се одржаа 14 борби, а дури 12 се завршено пред истекот на предвиденото време што е нов рекорд на УФЦ организацијата во однос на бројот на борби завршени со прекин.

Притоа забележан е уште еден историски резултат - дури 10 борби завршија уште во прва рунда што исто не се случило никогаш.

До победи во октагонот уште во првата рунда стигнаа: Стефани Лучано, Јован Лека, Нина Милошевиќ, Матеуш Ребецки, Мајкл Оливера, Ноа Гињон, Жилберт Урбина, Роберт Валентин, Навахо Стирлинг и Урош Медиќ.



Во втората рунда славеа Тофик Мусаев и Богдан Град а дуелите на Борислав Николиќ и Александар Ракиќ завршија со одлуки на суиите.

 

 

2 август 2026 - 09:16