Трговците со луѓе профитираат од амнестијата за азил што ја прогласи премиерот Педро Санчез. Сега префрлаат мигранти од Британија кон Шпанија, со ветување дека ќе им биде легализиран статусот и ќе добијат пристап до европската зона на слободно движење.
Оваа шема главно е наменета за мигрантите во Британија што се соочуваат со депортација или им изминала важноста на визите и дозволите за престој. Плаќаат по 1.000 фунти за да се вратат по патот од кои пристигнале на Островот.
Контролата за излез од Британија кон Европа е многу послаба од онаа за влез. Шверцерите префрлат мигранти во Франција со траекти или со камиони или возови преку тунелот под Ламанш, а потоа ги водат до Шпанија.
Услугите се рекламираат на социјалните мрежи преку видеа на кои се прикажани мигранти како скокаат од камиони во француски рурални предели. Други личат на реклами за туристички патувања, со слики од Ајфеловата кула, Колосеумот и Бранденбуршката порта.
Не сите веруваат дека отстранувањето на Хуанг Јенсен од Нвидиа се сведува на крими-трилер приказна каква што ѝ се нуди на јавноста, приказна за убава, згодна и вешта кинеска шпионка инфилтрирана како љубовница на кралот на чиповите.
Еден од таквите е Дејвид Сакс - поранешниот цар за вештачка интелигенција на Трамп, кој сега е копретседател на Советот на советници на претседателот за наука и технологија.
Во подкаст со уште неколку ИТ познавачи, се потсетува дека Јенсен беше еден од најголемите корпоративни опен сорс поддржувачи што беше голема главоболка на еден влијателен блок луѓе кои сакаа моделите и чиповите да се под построга контрола.
Шпионската приказна била само средство да се исполни главната цел.
Сенаторот Рубен Галего (демократ од Аризона) изјави дека „убавината“ на речиси петгодишната руско-украинска војна е во тоа што САД „им плаќаат на Украинците да убиваат Руси“.
Галего, кој пред да влезе во Сенатот, десет години беше во претставничкиот дом, на Икс напиша дека Украина може да ја добие војната ако нејзините сили убијат доволно Руси.
„'Украина не може да победи' е руска приказна. Затоа што Русија била голема, бла, бла... Ако Украина убие доволно Руси, ќе дигнат раце“, напиша тој.
Кога во коментар доби предлог да ѝ се придружи на украинската легија на странци, Галего одговори: „Не, тоа е убавината на ова; можеме да им платиме на Украинците да ги убиваат Русите“.