Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Мароко му „подари“ на Трамп автопат од 1.000 километри

2 August 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Најамбициозниот инфраструктурен и политички проект во Мароко – автопатот од Тизнит до Дахла, ќе го носи името „Претседателот Доналд Џ. Трамп“.
  • Ова се смета за израз на благодарност затоа што САД во 2020 година го признаа мароканскиот суверенитет врз Западна Сахара, како дел од договорот со кој Мароко ги нормализираше односите со Израел. Кралството има територијален спор со Шпанија и со Алжир за Западна Сахара, регион кој Обединетите нации сè уште го третираат како „територија без сопствена управа“.
  • Именувањето на патот се поврзува и со инвазијата на 60.000 луѓе од Мароко во Сеута. Шпански разузнавачи ја предупредиле владата на Педро Санчез дека мароканските сили за безбедност не само што не го спречиле бранот, туку и можеби го поттикнале, носејќи илјадници луѓе кон границата.

  • Изградбата на автопатот, еден од најдолгите во Африка, чинеше околу 1 милијарда долари. Поголемиот дел од трасата долга 1.055 километри минува низ Западна Сахара. Се протега покрај брегот на Атлантикот, од Тизнит во јужен Мароко до Дахла, каде што до 2028 година ќе биде изградено стратегиско важно пристаниште.
  • Трамп му се заблагодари на кралот Мухамед Шести, ја опиша неговата одлука како „голема чест“ и куртоазно изрази желба да патува по „својот“ автопат од крај до крај. 
извор

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

3 August 2026
  • Share
  • Post
  • Најмалку 21 студент си го одзел животот во Индија, откако државниот приемен испит за медицина бил презакажан поради протекување на испитните прашања.
  • Заради тој пропуст, речиси два милиона кандидати морале повторно да го полагаат испитот. 
  • Ваквиот трагичен епилог предизвика масовни протести поради кои оставка си поднесе министерот за образование Дармендра Прадан.
  • „Да ги слушнеме младите пред да си го одземат животот,“ порачаа демонстрантите.
извор

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3 August 2026
  • Share
  • Post
  • Полскиот маратонски пливач Бартломеј Кубковски стана првиот човек во историјата што го препливал Балтичкото Море меѓу Шведска и Полска. 
  • Во неделата навечер, исцрпениот Кубковски исправен излегол на плажата во градот Ѓивнув, на полскиот северен брег, откако во петокот влегол во морето од Касеберга во Шведска.
  • Растојанието од над 160 километри го пливал 56 часа. Не спиел и не го допрел чамецот од кој добивал храна и течности.
  • Ова бил петтиот обид на Кубковски да го преплива Балтикот. За потфатот собра донации од над 715.000 злоти (166.000 евра) за лекување деца болни од рак. 
  • Во исто време, но по друга делница од 172 километри, од Шведска до Полска пливаше и Каролина Шчепањак, но мораше да се откаже по 58 часа во студеното море. Во својата кампања таа собра донации од 470.000 злоти за лекување на 14-годишно момче.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Столе Димитриевски со измешани емоции: Следи посебна, тажна и емотивна сезона за Валенсија

Фудбал
3

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

4

Срѓан, колкаво ти е IQ-то?

Мешано
5

Загина Нирмал Пурџа, Мајкл Џордан во алпинизмот

6

Се враќа Winamp

7

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
8

Два рекорди на УФЦ спектаклот во Белград

Разно
1

Англиските полицајци од сите вери се повикани да постат за Рамазан

Разно
2

Бартломеј Кубковски - првиот човек што го преплива Балтикот

3

Продал визија за 45 милијарди долари, а потоа сè изгубил за 20 дена

Бизнис
4

Загина Нирмал Пурџа, Мајкл Џордан во алпинизмот

5

Се враќа Winamp

6

Шверцери префрлаат мигранти од Британија до Шпанија

7

САД фрлиле бомба од 1 тон врз семејна куќа во Иран

8

После поништен испит во Индија, 21 се самоубиле

* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Автомеханичарски Мастерклас

Балканштина

Спомени од пеколот

Балканштина

Дали глуп човек може да слуша добра музика?

Македонштина

Ништо не може да нè сопре!

Македонштина

Учиме непознати термини: Заштита при работа

Разно

Охрид во 1970

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Звучи неодоливо

Македонија се качува во автобус без тркала

Новиот американски М & М

Две цртички за Тито

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy