- Најпознатиот познавач на внатрешните работи во НБА клубовите, новинарот Шамс Чаранија најавува земјотрес во Денвер Нагетс кој спрема прилично радикални промени за следната сезона.
- Ова доаѓа по катастрофалните изданија на остатокот од екипата која во доигрувањето против ослабената Минесота Тимбервулвс не му пружи поддршка на Никола Јокиќ кој го достигна зенитот на форма.
- Чаранија вели дека тренерот Дејвид Аделман сигурно остаунва на клупата и дека Денвер сака на долгорочно да се врзе со Никола Јокиќ на кого во јули ќе му биде понуден нов 4-годишен договор вреден астрономски 290.000.000 долари!
- Нагетс планираат темелна реконструкција и практично цела сегашна екипа освен Јокиќ ќе биде на продажба, па дури и Џамал Мареј.
- Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на репрезентацијата изработен од „Адидас“, а во рамките на „UEFA Kit Assistance Scheme“.
- Десет репрезентации од Европа ќе настапуваат со дресови дизајнирани во сличен тон, со своите национални обележја, а една од нив ќе биде и Македонија. Во следните две сезони, избрани национални селекции, вклучувајќи ја и Македонија, ќе носат уникатни дизајни на „Адидас“, развиени во тесна соработка со соодветните асоцијации. Програмата „UEFA Kit Assistance Scheme“ игра клучна улога во поддршката на националните асоцијации, обезбедувајќи пристап до високоперформансна спортска опрема прилагодена на нивните потреби.
- Домашниот дрес останува со црвена основа, а по целиот дрес ќе има жолти елементи. Што се однесува до гостинската гарнитура, таа ќе биде со бела основа и ќе има сиви квадрати.
- Ама на Таџикистан...
- Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа на репрезентативната сцена и повторно ќе предводи национален тим, првпат по заминувањето од македонската клупа.
- Неговиот нов предизвик ќе биде селекцијата на Таџикистан. Таму Мрме ќе ја преземе улогата селектор со јасна цел, подготовка за Азискиот куп во 2027 кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Помошници на Ангеловски во Таџикистан ќе му бидат Милан Илиевски и Иван Јовановски.
- Ангеловски по разделбата со Македонија имаше интернационално искуство на клупско ниво, работејќи во Горица, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на селекторска функција.