- Фудбалската федерација на Македонија го претстави новиот дрес на репрезентацијата изработен од „Адидас“, а во рамките на „UEFA Kit Assistance Scheme“.
- Десет репрезентации од Европа ќе настапуваат со дресови дизајнирани во сличен тон, со своите национални обележја, а една од нив ќе биде и Македонија. Во следните две сезони, избрани национални селекции, вклучувајќи ја и Македонија, ќе носат уникатни дизајни на „Адидас“, развиени во тесна соработка со соодветните асоцијации. Програмата „UEFA Kit Assistance Scheme“ игра клучна улога во поддршката на националните асоцијации, обезбедувајќи пристап до високоперформансна спортска опрема прилагодена на нивните потреби.
- Домашниот дрес останува со црвена основа, а по целиот дрес ќе има жолти елементи. Што се однесува до гостинската гарнитура, таа ќе биде со бела основа и ќе има сиви квадрати.
- Ама на Таџикистан...
- Поранешниот селектор на Македонија, Игор Ангеловски, се враќа на репрезентативната сцена и повторно ќе предводи национален тим, првпат по заминувањето од македонската клупа.
- Неговиот нов предизвик ќе биде селекцијата на Таџикистан. Таму Мрме ќе ја преземе улогата селектор со јасна цел, подготовка за Азискиот куп во 2027 кој ќе се одржи во Саудиска Арабија. Помошници на Ангеловски во Таџикистан ќе му бидат Милан Илиевски и Иван Јовановски.
- Ангеловски по разделбата со Македонија имаше интернационално искуство на клупско ниво, работејќи во Горица, Каспиј и Етникос Ахна, а сега повторно се враќа на селекторска функција.
- Селекторот на македонската ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави поширокиот список за бараж мечот против Словачка за пласман на Светското првенство 2027 година.
- На списокот има 35 имиња, а тројца од нив доаѓаат од странство. Од шампионатите надвор од Македонија, тоа се голманот Мартин Томовски од Германија, бековите Филип Талески од Унгарија и Мартин Карапалевски од Шпанија.
- Македонија и Словачка ќе се судрат во мај. Првиот натпревар го играме на гости на 13, додека реваншот ќе се одигра на 17 мај во Скопје.