Роналдо лудачки го прослави 970-от гол во кариерата

Кристијано Роналдо баш ужива во Саудиска Арабија. Синоќа неговиот Ал Наср со 2-0 го победи Ал Ахли. Головите ги дадоа Кристијано Роналдо со глава во 76' минута и Кингсли Коман во 90-та минута. Ова беше 970. погодок на официјален натпревар во кариерата на Португалецот кој го прослави бурно.

Ал Наср го урна Ал Ахли кој пред само една недела ја освои азиската Лига на шампиони каде ја одбрани титулата. После 30 одиграни кола Ал Наср е прв со 79 бода, втор е Ал Хилал со 71 бод на само неколку кола пред крајот.

30 април 2026 - 09:06