„Уште имам на мене крв на тркачкото одело и птичји парчиња на кацигата. Не можев ниту да видам каде одам, аеродинамичното ветробранско стакло беше испрскано. Кацигата ми смрди, седиштето ми смрди. Не јадев пилешко, само поминав покрај него“, рекол Грожјан.
Мими Бехечи, потпретседател на друштвото PETA за заштита на животните во Велика Британија и Европа, бурно реагирала на коментарот на возачот:
„Ромен Грожан треба да се надева дека на следната трка нема да падне на основниот тест на емпатија. Се чини дека птиците имаат повеќе чувства од Грожјан со оглед на тоа што очигледно беше повеќе загрижен за својот автомобил, кацига и комбинезон кои може сите да ги замени, отколку што удрил невина птица.
Можеме да му препорачаме не само да се одрекне од пилешко за вечера, туку во целост да прекине да нанестува штета на птиците или накои било други животни чии животни на фармите и ужасната смрт во кланиците им е чист пекол.
PETA Франција ќе му прати на Грожјан замена за пилешко на растителна база со цел да му помогне да премине на вегански начин на живот“.
